Северина пристигна во Скопје!

Вчера околу 22.30 на аеродромот „Александар Велики“, слета авионот со кој Северина и нејзините најблиски соработници пристигнаа во Скопје.

severina-pristigna-vo-skopje-01

Таму беа пречекани од тимот на Т.А. „Гуливер Милс“,организатор на утрешниот концерт, кој ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“, во рамките на турнејата „Добредојде во клубот“.

Денеска пристигнуваат и танчерите, заедно со познатиот светски кореограф Анже Шкрубе, а со нивното доаѓање екипата ќе се комплетира целосно.

Тимот на хрватската пејачка почна да пристигнува од средата, кога во Скопје со четири камиони беше донесена целата техничка опрема околу концертот.

severina-pristigna-vo-skopje-02

Од Т.А. „Гуливер“ не информираат дека во тек се финалните подготовки, а продажбата на билети оди подобро и од предвиденото.

Пред концертот предвидени се неколку проби, а слободното време, тимот на пејачката побарал да се искористи за обиколка на Скопје и традиционална македонска вечера, бидејќи Севе е љубител на македонската скара и пиво.

Македонската публика е подготвена за спектакл. Ситно броиме до бајката во четири чина со поп иконата Северина.

severina-pristigna-vo-skopje-03

Би можело да ве интересира:

Нејзините родители ја посвоиле од чичко ѝ, ја штити од јавноста - Која е сестрата на Софија Вергара? Родителите на Софија, Маргарита и Хулио, ја посвоиле Сандра кога била мала од чи...
Славни личности кои преживеале страшни авионски несреќи – Тревис Баркер помина 3 месеци во болница Тревис Баркер имаше фобија од авиони по несреќата во која преживеаја само тој и ...
„Не сакаа да се венчаат, но тој ѝ беше сродна душа“: Каде исчезна Сандра Булок по смртта на саканиот... „Сандра имаше сè, но смртта на партнерот многу ја погоди. Изминативе неколку год...
Постојано се фали, си носи личен готвач кога снима: Тимоти Шаламе се однесува како „разгалена дива“ Тимоти Шаламе си донел приватен готвач додека го снимал Wonka од кој барал да му...
Сандра Булок неутешна 2 години по трагичната смрт на саканиот – се крие од јавност, не сака да глуми Поминаа две години од смртта на партнерот на Сандра Булок, кој таа го нарекуваше...
Била љубоморна и го „задушувала“, сакал да ѝ раскине: Детали за кризата во врската на Кајли Џенер и ... Иако сега се шпекулира дека можеби ќе се свршат, до неодамна, Кајли и Тимоти мин...

Најчитани неделава