Меколи Калкин скита како бездомник по улиците на Лондон

Две момчиња доцна во ноќта биле навистина шокирани кога сфатиле дека човекот со кого зборувале во 2 и 30 по полноќ на една улица во Лондон не бил бездомник, туку Меколи Калкин, ѕвездата од хит филмот Сам Дома.

macaulay-culkin-e-bezdomnik-po-ulicite-na-london-01

Со цигара во раката и црно налакирани нокти, на ќошот на една улица во 2 и 30, мулти милионерот изгледал како сосема обичен скитник.

„Најпрво, не го препознав – мислев дека е некој бездомник со цигара во раката.“ изјавил студентот Марли Спиндлер, кој воедно ги сликал неговиот пријател Дру и Меколи.

„Имавме краток разговор со него и неговиот акцент беше чисто Американски. За момент, Дру се загледа во него и го прша дали навистина тој е Меколи Калкин . Дури ни тогаш не бевме убедени, но сепак личеше.“

Дру додал, „Никогаш немаше да поверувам дека тој е истата личност која се појави во Сам дома. Зборувавме неколку минути и тој кажа дека е во Лондон за да види некои пријатели, зборувајќи многу тивко. Изгледаше малку изгубено. Да го видевте, ќе помислевте дека е некој случаен изгубен минувач, а не филмска ѕвезда.“

Ова не е прв пат да се слушнат вакви тврдења за менталната состојба на Меколи Калкин. Тој на кратко во 2004та година беше во затвор, заради поседување на дрога, а до неодамна се бореше со медиумските тврдења дека е опасен зависник од хероин кој има уште 6 месеци преостанати од животот.

Би можело да ве интересира:

Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...
Педро Паскал „уловен“ како се гушка со дечко, бивши на друг познат актер (фото) Осамнаа папарацо фотки како Педро Паскал разменува нежности во неделата со бивши...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
„Немаа ништо заедничко, не ни разговараа“: Зошто раскинаа Бредли Купер и Ирина Шајк? „Откако им помина првичната страст, им останаа малку заеднички работи. Бредли и ...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...

Најчитани неделава