Бијонсе воодушеви во Белград и покрај доцнењето
- Детали
- вторник, 16 април 2013
Бијонсе синоќа настапи во Белградската Комбанк Арена и ја започна својата светска турнеја "Mrs. Carter Show" . Салата беше преполна со фанови од целиот свет. Нови Београд беше окупиран уште од раните утрински часови, а редица пред Арената од оние најголемите обожаватели беше направена уште на пладне.
Бијонсе доцнеше еден час. Обезбедувањето строго забрани снимање и сликање за време на концертот. Шоуто го започна со "Who Run the World". Ласерите и совршеното осветлување беа во центарот на вниманието.
Се редеа хитовите, додека на видео бимот одеа приватни снимки од пејачката, нејзиниот сопруг Џеј Зи и ќерката Блу Ајви. Бијонсе го отпеа и хитот на Витни Хјустон – I will always love you, а го заврши концертот со Halo.
Иако публиката сакаше да ја врати на бис, Бијонсе не се врати на сцената.
ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ЦЕЛАТА ФОТО ГАЛЕРИЈА ОД НАСТАНОТ
Би можело да ве интересира:





