Чудни третмани за убавина кои ѕвездите ги практикуваат

Секогаш кога ги гледаме изгледаат беспрекорно, речиси совршено. Ниту еднаш не се појавиле во лошо издание, без мазна кожа или сјајна коса. Се прашувате како го постигнуваат тој ефект?

cudni-tretmani-za-ubavina-koi-zvezdite-gi-praktikuvaat-001

Еве неколку чудни, а сепак луксузни третмани за убавина.

Ким Кардашијан не подлегнала под нож, но сепак изгледаше ужасно кога објави фотографија од Вампирскиот третман на лице. Третманот вклучува земање крв од подлактиците, а по одредена процедура, повторно вбризгување во лицето. Овој болен третман чини околу $1.500 долари.

cudni-tretmani-za-ubavina-koi-zvezdite-gi-praktikuvaat-01

Мила Кунис беше во центарот на вниманието откако отиде на третман за лице со дијаманти и рубини за кој платила точно $7.000 долари. Драгоцените камења се богати со антиоксиданси и на кожата и даваат посебен сјај. По ова следи и третман со свилени парафински влакна кои ја измазнуваат кожата и ја смируваат.

cudni-tretmani-za-ubavina-koi-zvezdite-gi-praktikuvaat-02

Плацентата е позната по тоа што го обновува ткивото и позитивно влијае на регенерацијата на кожата, па веројатно затоа Ева Лонгорија, Викторија Бекам и Мадона изгледаат така младо. Плацентата се нанесува во форма на крема која може да ја купите за околу $300 долари. Не така скап, но делотворен третман.

cudni-tretmani-za-ubavina-koi-zvezdite-gi-praktikuvaat-03

Исто така, Викторија и Дејвид Бекам го практикуваат третманот за лице од измет од славеј кој се размачкува по цело лице. Никогаш не сте помислиле дека некој со толку пари може да прави нешто вакво? Сепак, ова е најголем хит помеѓу славните.

cudni-tretmani-za-ubavina-koi-zvezdite-gi-praktikuvaat-04

Анџелина Џоли сака да ужива во луксузот, па затоа за маникир и педикир секогаш користи кавијар во форма на крема која чини околу $700 долари.

cudni-tretmani-za-ubavina-koi-zvezdite-gi-praktikuvaat-05

Тука е и отровот од змии кои најчесто го користат Деми Мур и Гвинет Палтроу за да ја зачуваат својата кожа мазна и без брчки. Флашираниот змиски отров чини по 385 долари од тегла која е доволна за еден третман.

cudni-tretmani-za-ubavina-koi-zvezdite-gi-praktikuvaat-06

Би можело да ве интересира:

Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Родители осудија актерка која создаде маски за лице за мали деца: „Ова е токсично и умоболно“ „Сакав да направам нешто што функционира, а е доволно чисто за да можам да го ст...
Џастин Бибер мета на шеги за објавите по свадбата на Селена Гомез: „Ја изгуби, засекогаш“ Викендов Селена Гомез се омажи за Бени Бланко, а на Инстаграм, Џастин Бибер ја с...
Не фаќа кваки од врати и чека некој да ѝ отвори, јаде ист оброк 30 години – Чудните навики на Виктор... Од 1997-ма секој ден го јаде истиот оброк од што Дејвид е разочаран, се верува д...
Брчки, подбрадок: Како изгледаат лицата на славните на Мет гала 2026, без Фотошоп и филтри? Без Фотошоп и бројни филтри, Крис Џенер сепак не изгледа како жена со 40-тина го...
Камерон Дијаз гордо си ги носи брчките: „Подобро да гледам како стареам, отколку да имам лице што не... „Сум пробала ботокс порано. Ми го промени целосно лицето на многу чуден начин и ...

Најчитани неделава