Десет славни бисексуалки

Во последно време, славните жени истапуваат со признанијата дека се бисексуалки, посебно откако актерката Синтија Никсон и Елен, јавно покажаа...




... дека се во врска и дека се заљубени. Британскиот магазин "Метро", направи листа на десет најпознати славни жени кои биле во врска со друга жена или сега експериментираат со нив.

- Меган Фокс, актерката која е позната како најлудата фантазија на многу мажи, изјави дека веќе на својата 18-та deset-slavni-biseksualki1година била во врска со руска стриптизета, и додала дека не сака други бисексуалки:

"Јас сум прав лицемер и не сакам да излегувам со девојки кои се бисексуалки, бидејќи тоа значи дека таа во исто време може да спие и со мажи.

Не сакам кога ќе бидам со некоја која претходно спиела со маж, бидејќи мажите се драстично по нечисти од некои жени".

- Ферги, пеачката на групата Black Eyed Peas има голем број на женски фанови, а еднаш изјавила дека експериментирала со жени, но никогаш не била во вистинска врска со жена.

- Пинк, енергична пеачка која неодамна изјави дека би можела да биде среќна со жена исто колку и со маж, затоа што љубовта не бира место, личност, пол ниту време кога ќе се случи.

- Нели Фуртадо, исто така пеачка, признала дека смета дека сите луѓе во основа се бисексуални и дека сите експериментирале со партнери од ист пол за време на својата љубовна историја во животот.

- Дру Баримур, симпатична актерка која никогаш не криела дека и се допаѓаат жени. Еднаш таа изјавила дела две жени прават одличен пар, исто како и маж и жена.

- Линдзи Лохан, проблематична актерка која можеби и е најпознатата холивудска бисексуалка чија врска со DJ Самата Ронсон беше топ тема на таблоидите.

- Џоди Марш, британски топлес модел и тв водителка, после многу поминати мажи во својот живот, сфатила дека повеќе не сака да ги слуша мажите, па одлучила да има врска со жена.

- Лејди Гага, британска пеачка отворено изјавила дека 'обожава мажи, жени и секс' и дека не и е важен полот на партнерот.

- Ребека Лос, модел и наводната љубовница на Дејвид Бекам, признала дека е горда на фактот што може да заведе и хетеро - девојка, а позната е и по изјавата дека ужива да заведува и геј мажи, кои не ни знаеле дека можело да им се допаѓаат жени.

- Анџелина Џоли, иако никогаш не е докажано, медиумите многу често шпекулирале за наводната бисексуалност за една од најубавите жени во светот.

Познато е дека Анџелина во една своја изјава кажала дека после напорниот ден, 'највеќе покрај себе би сакала да има жена, односно дека сака да биде привлечна за девојките исто како и за мажите'.

Би можело да ве интересира:

Се предозира, доживеа инфаркт, зборуваше со вонземјани: Низ што сè помина Деми Ловато, пред да напра... Деми Ловато почнала да користи опијати на 13-годишна возраст, за потоа да премин...
Трансродовата ќерка на Илон Маск го критикува татко ѝ: „Беше суров кон мене бидејќи бев женствена“ Трансродовата ќерка на Илон Маск откри дека конечно почнала да заработува свои п...
Извајано тело, поглед кој заведува - Кој е згодниот каубој од новиот хит-филм на Нетфликс? Младиот актер Пирсон Фоде, ги излуди гледачите со својот изглед, а поради негови...
Почина „доктор Слоун“ од Grey’s Anatomy на 53-годишна возраст, по кратка битка со амиотрофична латер... Во април минатата година, Ерик Дејн откри дека има амиотрофична латерална склеро...
Ким Кардашијан и Луис Хамилтон се во тајна врска - „уловени“ на романтични патувања, биле на масажа ... Во саботата Ким долетала до рурално место во Англија за да помине 24 часа со Луи...
Се дружи со елитата, има раскошна куќа, но никој не знае како заработува: Животот на Амбер Херд отка... Амбер Херд живее во Мадрид, во куќа што ја купила за 1,5 милиони евра. Веќе не р...

Најчитани неделава