10 најчудни диети на ѕвездите

Ниту во Холивуд не е лесно да го постигнеш совршениот изглед, па затоа дури и најзгодните пејачки, глумици и манекенки понекогаш се приморани да се придржуваат кон чудни режими на исхрана, само за да можат да продолжат да се бават со она што го сакаат.

10-najcudni-dieti-na-zvezdite-01

Иако ни изгледа дека ангелите на Викторијас Сикрет се совршени благодарение на генетиката, сепак и тие се мачат за да изгледаат неодоливо. Адријана Лима открила дека дури девет дена пред своите најважни годишни ревии живее само на течности, а 12 часа пред шоуто престанува да пие вода и било какви течности за да и спадне тежината која ја добива од она што го консумирала претходно.

10-najcudni-dieti-na-zvezdite-02

Мадона повремено е на извесна воздушна диета. Овој режим на исхрана, ако може така да се нарече, се состои од тоа што во рацете држи храна, но не ја вкусува. Изгледа Мадона ја згрешила поентата на вкусните специјалитети.

10-najcudni-dieti-na-zvezdite-03

Џенифер Анистон има обичај да го прескокнува појадокот и наместо храна да внесува свежо цедени сокови. За инат на сите, таа вели дека одбегнувањето на појадокот и помага и покрај големиот број на тврдења дека  тоа е најважен оброк во денот.

10-najcudni-dieti-na-zvezdite-04

Пред снимањето на Dreamgirls Бијонсе морала да намали неколку килограми, па затоа започнала диета која траела само 14 дена. “Живеев на јаворов сируп, вода и лути пиперки. Од ден на ден станував сè потенка, а луѓето околу мене започнаа да ме прашуваат дали сум во ред - и верувајте, не бев!”

10-najcudni-dieti-na-zvezdite-05

Ѕвездата на реалното шоу, Снуки сфатила дека мора да почне со диета, па затоа почнала да практикува специјална исхрана наречена кекс-диета. Таа се состои од еден оброк и шест кекси дневно кои ја покриваат гладта привремено.

10-najcudni-dieti-na-zvezdite-06

Рис Витерспун е позната обожавателка на детската храна и кашички. Нејзината диета се состои од појадок и ручек бебешка храна, додека за вечера јаде нормален оброк, по своја желба.

10-najcudni-dieti-na-zvezdite-07

Меган Фокс во една прилика изјави дека единствен начин да остане витка е пред секој оброк да пие комбинација на јаболков оцет и чаша вода.

10-najcudni-dieti-na-zvezdite-08

За време на снимање на еден нејзин филм, Никол Кидман била приморана да одржува диета исклучиво со варени јајца. Можеби не е комплицирана, но не е ниту здрава. Наутро јадела едно варено јајце, а навечер две, евентуално три ако гладта ја совлада.

10-najcudni-dieti-na-zvezdite-09

Кејти Холмс еднаш одлучила да симне неколку килограми така што за појадок консумирала исклучиво супа од моркови, а за ручек и вечера од брокула. Разноврсно!

10-najcudni-dieti-na-zvezdite-10

Ешли Грин се изгладнувала кога била дел од снимањето на најновиот дел од Twilight серијалот. Работела по 12 часа и немала ниту време ниту желба за јадење, па така ослабела до непрепознатливост.

10-najcudni-dieti-na-zvezdite-11

А вие мислевте дека вашата диета од 3 оброка е неподнослива?

Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
Крадел леб и спиел на под пред да стане љубов на Саманта во „Сексот и градот“ – Како изгледа денес С... „Одреден период гладував, крадев багет и сенф од маси, немав пари за друго“ - ак...
Лудата приказна на жена која тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус: „Ја родив на 12 години“ Жена од Аризона тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус, па дури и ја моли...

Најчитани неделава