Интервју со Жељко Јоксимовиќ: Македонските фанови се најодговорни за концертот во Дојран и Охрид

Целата македонска публика е подготвена за спектаклот кој претстои во Дојран и Охрид ова лето, а изгледа и Жељко Јоксимовиќ со нетрпение очекува да застане на сцената.

zeljko-joksimovic-makedonskite-fanovi-se-najodgovorni-za-koncertot-vo-dojran-i-ohrid-01

1. Како сте Жељко?

Благодарам на прашањето, добро сум. Се подготвувам за концертите во Македонија, првите настапи по одморот.

2. По Скопје, еве ве на концерт во Дојран и Охрид. Кој е одговорен за тоа?

Се надевам дека за тоа се најодговорни моите фанови во Македонија. Освен нив, мал придонес има и македонскиот и мојот тим задолжен за организирање на концерти. Сè на сè, коцките се поклопија и првите денови од август ќе ги поминат токму тука, во Охрид и Дојран.

3. Ќе настапувате на отворена сцена? Повеќе сакате вакви настапи или пак во затворени сали?

Секој настап има своја убавина, но обично временските услови одредуваат каде ќе биде одржуван концертот. Мене лично секако ќе ми годи што овој пат тоа ќе биде на отворено. Можеби малку подоцна во оваа година, ќе се видиме и во затворена сала.

4. Актуелни сте со песната "Луадк као ја". Како настана песната и аранжманот, со оглед на тоа дека е нешто ново во вашиот музички правец?

Навистина е, потполно нов правец во мојата музика, но на мое големо задоволство наидов на одлични реакции. Песната е на Леонтина Вукоманович, со која по долго време пауза ја продолживме соработката токму на оваа песна. Аранжманот е мој, како и гласот и продукцијата. За ова обновување на соработката е задолжена мојата сопруга Јована, која имаше шанса да се види со неа и да слушне неколку нови нејзини песни. По неколку месеци, завршена е и мојата нова, односно последната која е издадена.

5. Дали тоа значи дека во иднина повеќе ќе слушаме динамични хитови кои имаат актуелен ритам кој е типичен за денешната сцена?

Дури и во овој момент не знам каде ќе ме одведе овој нов ритам кој е присутен во "Лудак као ја". Малку подоцна по промоцијата излезе и акустична верзија која исто така има голем број на преслушувачи. Наредните песни секако ќе имаат дел и од тој ритам.

6. Работите ли на нов албум? До каде сте со подготовките? Откријте ни нешто повеќе.

Новиот албум е во подготовка и на него работам веќе подолго време. Планирам да го завршам кон крајот на оваа година. Требаше да објавам една песна кон крајот на јуну, но тоа го оставив за неколку месеци подоцна, кога ќе се заврши сезоната на одмори.

7. На тема Евровизија, година дека по 3тото место – Дали сте задоволни со настапот и пласманот?

Пред година дена тоа беше реалност. Мислам дека оваа година ситуацијата би била поинаква.  Своевремено освоив второ место на Евросонг, така што третото секако не е она што го очекував. Сепак, она што е најважно, композицијата “Није љубав ствар” е песна која до ден денес се слуша и се зборува за неа. Луѓето ја прифатија, не е заборавена како многу други и подобро пласирани евровизиски нумери.

8. Со оглед на тоа дека не победивте, дали тоа значи дека ќе ве видиме повторно на Евровизија?

На сцена никако не. Тоа го реков по последниот настап и останувам на тоа. Има многу млади музичари кои треба да ја почувствуваат магијата на таа европска сцена.

9. Која песна беше ваш фаворит минатата година?

Оваа година навистина не ги пратев учесниците, во смисла дека ги преслушував нивните песни. Едноставно немав време, промоции на нови песни, турнеја во Европа и друго обврски кои ми одземаа многу време.

10. Приватно како сте, љубов, семејство?

Одлично, ви благодарам на прашањето.

11. Каде го планирате вашиот годишен одмор, со кој?

Токму сега сум на годишен одмор, 20тина дена пред концертот во Македонија со сопругата Јована. Време е малку да одмориме на море.

12. По Македонија, каде ќе настапувате ова лето?

Во план ми се неколку настапи во земјите на Балканот. Точен план ќе имам кон крајот на јули и ќе биде секако видлив на сите мои официјални друштвени мрежи.

Би можело да ве интересира:

Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Помалку познатата (и мрачна) страна на Елвис Присли: Го привлекувале жени како мајка му, бил опседна... Елвис Присли имал толку бизарен однос со мајка му, што една девојка му раскинала...
Кендал Џенер и Џејкоб Елорди се новиот славен пар: Џастин Бибер им бил „стројник“, безуспешно пробув... Кендал Џенер и Џејкоб Елроди почнале да се гледаат уште во февруари, а Крис Џене...
Џастин Бибер мета на шеги за објавите по свадбата на Селена Гомез: „Ја изгуби, засекогаш“ Викендов Селена Гомез се омажи за Бени Бланко, а на Инстаграм, Џастин Бибер ја с...
Бившиот на Бритни Спирс со неверојатно тврдење: „Синовите се буделе ноќе, а таа стоела со нож пред н... „Понекогаш ќе се разбуделе ноќе и ќе ја виделе како тивко стои на прагот на нивн...

Најчитани неделава