8000 долари за 1 секунда

Актерката Кетрин Зета Џонс влезе во книгата на неверојатни актерски хонорари, откако за работење од само 1 секунда добила 8.735 долари...





... пишуваат кинеските медиуми.

Убавата Кетрин заработила 1,5 милион долари за телевизиска реклама за шампон на козметичката куќа "Lux" која трае 7 минути.

Рекламата е направена по пример на шпиунските филмови каде Кетрин има улога на крадец на еликсирот на малaдоста за кој се верува дека се наоѓа во новиот луксов шампон.

Оваа реклама е снимена само за пазарот на Кина и Јапонија, така што нема да биде прикажана на останатите светски телевизиски програми.

Инаку, Зета Џонс неодамна откри дека за нејзината убавина заслужна е природната козметика како што е медот, јаболка и јагоди кои ги користи како маски за лице и коса.

"Приватно не изгледам така прекрасно. Светлата и камерите можат да направат чуда, т.е. работите да ги прикажат многу поубави отколку што вистински се", искрено изјавила Оскаровката.

 

Би можело да ве интересира:

Ќерката на Роналдо за 8-ми роденден позира со штикли и нов велосипед, а мама ѝ подари Chanel чанта Роналдо објави фотка од Алана која носи штикла од мајка ѝ и позира на новиот роз...
Само Адам Сендлер може да оди со тренерка на премиера – ги покажа сопруга и ќерките, едната копија н... Адам Сендлер уште еднаш покажа дека е автентична „стилска икона“ - само тој може...
Му помогнала да ја надмине траумата од силување: Љубовта на Метју Меконахи и сопругата трае речиси 2... Во своите мемоари, Метју Меконахи откри дека двапати бил жртва на сексуално наси...
Не сака ни партнер ни деца, живее изолирано во замок со 12 мачки: Се сеќавате на ирската пејачка Ења... Ирската пејачка Ења (Enya) стекна светска слава со хитовите како Only Time и Car...
Леонардо ди Каприо се крие под маска, Адам Сендлер нерасположен: Ѕвездите на Super Bowl 2026 Во публиката на Super Bowl 2026 можеа да се забележат некои од најпознатите луѓе...
Беше најомразената жена во 1990-тите - Каков живот води денес вдовицата на Курт Кобејн? Само мал број личности во музичкиот свет предизвикуваат толку поделени мислења и...

Најчитани неделава