Познати кои во сенка ги оставија своите близнаци

Како мали ги облекувале во слична облека, иако и без тоа биле доволно слични. Денес и кога би се облекле исто, многумина за нив не би помислиле дека се близнаци.

poznati-koi-vo-senka-gi-ostavija-svoite-bliznaci-01

Мери и Кејт Олсен рака под рака зачекорија меѓу славните, но многу познати имаат браќа или сестри кои останале во нивната сенка.

poznati-koi-vo-senka-gi-ostavija-svoite-bliznaci-1

1) Вин Дизел

Додека Вин Дизел е актер, неговиот брат близнак, Пол Винсент, чија виткана црвена коса прави никогаш да не ги помешате, работи како монтер.

Дизел многу добро го чува својот приватен живот, така да за Винсент не се знае баш многу.

poznati-koi-vo-senka-gi-ostavija-svoite-bliznaci-2

2) Скарлет Јохансон

Хантер Јохансон, кој е три минути помлад од Скарлет, е сосема обично момче во однос на своајта славна сестра.

Понекогаш ја придружува Скарлет на некои важни случувања, а списанието "People" го прогласило за еден од најпосакуваните ергени.

poznati-koi-vo-senka-gi-ostavija-svoite-bliznaci-3

3) Ештон Качер

Мајкл Качер, братот близнак на Ештон Качер, води тежок живот, бидејќи кога бил мал му била дијагностицирана церебрална парализа, а имал и трансплантација на срце кога имал само 13 години.

Мајкл сега има седумгодишно момче и постојана работа и вели дека Ештон бил покрај него за цело време кога му било најтешко. Мајкл ја искористил популарноста на својот брат за да лобира за групата која им помага на децата со церебрална парализа.

poznati-koi-vo-senka-gi-ostavija-svoite-bliznaci-4

4) Жизел Бундшен

Бидејќи Жизел не сака да биде одвоена од својата сестра близначка Парисие, ја вработи како свој менаџер. И таа е многу убава, но остана во сенката на својата сестра Жизел.

poznati-koi-vo-senka-gi-ostavija-svoite-bliznaci-5

5) Аланис Морисет

Вејд Морисет, братот близнак на Аланис Морисет, не е просечно момче со обична работа. Тој е инструктор по јога и е киртан пејач. Киртан е санскритско пеење чии свети вибрации треба да да ја смират и насочат личнсота на сличен начин како што го прават тоа јогата и медитацијата.

poznati-koi-vo-senka-gi-ostavija-svoite-bliznaci-6

6) Дафи

Ејми Ен Дафи, која го користи само своето презиме како уметничко име, има сестра близначка - Кети. Нивните родители се развеле кога тие имале 10 години, а со 15 години Ејми се преселила кај својот татко и почнала да работи на својата кариера.

Тие двете повторно се нашле неколку години пдооцна и додека Ејми е пеачка и текстописец, Кети е обична девојка. Ејми признава дека и е мило што не наликуваат премногу, бидејќи Кети сака да излегува и да се забавува, па медиумите би можеле да ги помешаат ако се потполно идентични.

poznati-koi-vo-senka-gi-ostavija-svoite-bliznaci-7

7) Кифер Садерланд

Дефинитивно постои голема сличност во изгледот помеѓу Кифер и неговата сестра Рејчел.

Бидејќи и братот и родителите и се во филмската индустрија, не изненадува фактот дека и Рејчел нашла работа во Холивуд – таа ја надгледува постпродукцијата на филмовите.

Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Што се случи со Ештон Кучер и Британи Марфи – неговата втора поранешна девојка која почина? Пред да ја почне врската со Британи Марфи, Ештон Кучер сведочеше на судење за уб...
Ја изневерил со Блејк, уште е опседнат со неа: Чудни детали за бракот на Рајан Рејнолдс и Скарлет Јо... Постои верување дека Рајан Рејнолдс ја изневерил Скарлет со сегашната сопруга, п...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...

Најчитани неделава