(Не)повикани гости: Познати кои влетале на туѓи венчавки

Не можете да замислите некоја славна личност да се појави на вашата венчавка? На некои луѓе тоа им се случило.

ne-povikani-gosti-poznati-koi-vletale-na-tugi-vencavki-01

Колку биле изненадени кога Мерил Стрип, англиската кралица Елизабета втора и Џастин Бибер се појавиле на нивната свадба, можеме само да претпоставиме.

Еве некои познати неочекувани гости:

1) Мерил Стрип

ne-povikani-gosti-poznati-koi-vletale-na-tugi-vencavki-1

Мерил Стрип покрај црвениот тепих посетува и венчавки на непознати луѓе.

Кога Фреја и Грејем МекАнали се венчале во Градската куќа во Манчестер во 2011 година знаеле дека во близина се снима филмот „Челичната лејди“, но не помислувале дека на нивната венчавка ќе се појави Мерил Стрип. Актерката се појавила на свадбената церемонија, а подоцна на парот му испратила фотографија со автограм и честитка.

- Беше неверојатно, последната работа која ја очекувате е некоја позната личност од А листата да се појави на вашата свадба – рекла Феја.


2)
Кралицата Елизабета Втора

ne-povikani-gosti-poznati-koi-vletale-na-tugi-vencavki-2

Верувале или не и членовите на кралското семејство може да се најдат меѓу неочекуваните гости на свадба. Минатата година на венчавката на Френсис и Џон Кенинг во Манчестер се појавила кралицата Елизабета втора и ги шокирала сите присутни. Парот ја поканил кралицата, но не се надевал дека таа ќе одговори на поканата.

- Тоа беше свадбен подарок за нас – изјавила невестата.


3)
Селена Гомез и Џастин Бибер

ne-povikani-gosti-poznati-koi-vletale-na-tugi-vencavki-3

Бившиот пар селена Гомез и Џастин бибер во 2011 година биле во Млибу. Шетајќи по плажата го слушнале Биберовиот хит „Една осамена девојка помалку“, кој се слушал на локалната венчавка. Тие двајца се измешале со гостите, го зеле микрофонот и им упатиле честитки на младите.

- Ја слушнавме музиката и одлучивме да отидеме. Помисливме: „Нека почне забавата“ – рекол Бибер во ексклузивната видео снимка.


4)
Адриен Граниер

ne-povikani-gosti-poznati-koi-vletale-na-tugi-vencavki-4

И на актерот Адриен Граниер му се случило да се појави на туѓа венчавка. Тоа било во 2008 година во Клифорнија. Според „Њу Јорк Дејли Њуз“, госитие не сакале да ја пропуштат оваа несекојдневна можност и побрзале да се фотографираат со него.


5)
Конан О`Брајан

ne-povikani-gosti-poznati-koi-vletale-na-tugi-vencavki-5

Пред неколку месеци Конан О`Брајан на еден пар од Атланта му приредил големо изненадување. Пријателите на младите на денот на свадбата го повикувале комичарот на свадба преку социјаните мрежи. Тој на крајот се одѕвал на молбите.


6)
Џон Траволта и Робин Вилијамс

ne-povikani-gosti-poznati-koi-vletale-na-tugi-vencavki-6

Иако „влетувањето“ на туѓа венчавка го направиле пред да станат познати, Џон Траволта и Робин Вилијамс заслужуваат да се најдат на оваа листа. Се се случило во 1977 година во Санта Барбара. Тие двајца биле излезени кога во близина забележале свадба.

- Решивме да им се придружиме – открил 22 години подоцна Џон Траволта.

Би можело да ве интересира:

Јаков Јозиновиќ и уште 4 познати мажи кои се докажани кавалери (и 2 што не се воопшто) Колегата на Марко Роби пробува со раце да ја заштити од дождот, Јаков Јозиновиќ ...
Гледал нејзин филм 75 пати, ја засакал и пред да се запознаат - Љубовната приказна на Емили Блант и ... Актерите Емили Блант и Џон Красински се доказ дека и во Холивуд е можна вистинск...
Џастин Бибер мета на шеги за објавите по свадбата на Селена Гомез: „Ја изгуби, засекогаш“ Викендов Селена Гомез се омажи за Бени Бланко, а на Инстаграм, Џастин Бибер ја с...
Тажни детали од животот на Мерил Стрип: Љубовта на нејзиниот живот почина од рак, ја нарекувале грда... Пред да се пробие во Холивуд, Мерил Стрип беше во врска со колега кој добил дија...
Го напуштил во детството, се заканувал дека ќе го киднапира: Во каков однос е Џастин Бибер со татко ... Кога Џастин Бибер се родил, мајка му имала 17 години, а татко му едвај 18. Бидеј...
Ја изгуби сопругата од рак на дојка, син му почина на 16 години: Тажниот живот на Џон Траволта Во 1970-тите, девојката на Џон Траволта почина од рак на дојка, а во 2020-та, ја...

Најчитани неделава