Маријана Димовска и Боби Трајковски први го напуштија „Танц со ѕвездите 2“

Со вкупно 13 поени, минатиот викенд презентерката на вести Маријана Димовска и Боби Трајковски први го напуштија натпреварувањето во „Танц со ѕвездите 2“.

marijana-dimovska-i-bobi-trajkovski-prvi-go-napustija-tanc-so-zvezdite-2-01

Во емисијата каде почнаа првите елиминации, според поените на врвот се најдоа каратистката Наташа Илиевска и Даниел Кимовски. Веднаш зад нив, со 30 поени се наоѓаат Димитар Атанасовски и Јована Василева, но и Франц и Наде, кои исто така имаат 30 поени.

Со најмалку освоени поени, Маријана Димовска и Боби Трајковски во саботата (25.01.2014) први си заминаа од македонската верзија на најпознатото шоу во светот „Танц со ѕвездите“, кое кај нас е во целосна организација на продукцијата „Дрим фактори“ и МРТ.

marijana-dimovska-i-bobi-trajkovski-prvi-go-napustija-tanc-so-zvezdite-2-3

Откако водителите Марјана Станојковска и Тони Михајловски ги соопштија резултатите, Маријана Димовска изјави дека ѝ е жал што го напушта шоуто, ноќе продолжи да ги следи пробите и снимањата на останатите, а со Боби ќе продолжи да се гледа професионално, бидејќи сака да продолжи со танцот.

marijana-dimovska-i-bobi-trajkovski-prvi-go-napustija-tanc-so-zvezdite-2-1

Воедно ве потсетуваме дека гласањето за новата емисија е отворено и ќе трае сè до нејзиното снимање.

Во продолжение погледнете го последниот танц на Маријана и Боби во „Танц со ѕвездите 2“ на МРТ1:

Би можело да ве интересира:

Први фотки од Пи Диди во затвор – со побелена брада, се смее со други затвореници Јавноста не го видела Пи Диди од септември минатата година, но сега се појавија ...
Бившиот на Џеј Ло, Марк Ентони (57) доби 8-мо дете со четврта жена – се породи убавата Надиа (27), о... 27-годишната сопруга убавица на Марк Ентони се породи – објавија први фотки во д...
Се бакнуваат во јавност, сега тој објави први фотки со неа – Џесика Алба има 33-годишен дечко по раз... Неколку месеци по разводот од Кеш Ворен со кој доби 3 деца, Џесика си најде 11 г...
Хејли Бибер јаде крофна, девојката на ди Каприо со бургер – и ѕвездите се „обични“ луѓе, гладни по „... По афтер забавата на Оскарите, дел од ѕвездите беа забележани со храна во рака и...
Зошто ѕвездите како Ерик Дејн остануваат без пари? Кампањата за донации за ќерките на Ерик Дејн се соочи со критики од јавноста бид...
Заради неа бил сигурен дека ќе остане „вечен ерген“: Детали за првиот (и многу краток) брак на Џорџ ... Пред да ја запознае Амал, со години Џорџ Клуни тврдеше дека ќе биде вечен ерген ...

Најчитани неделава