Да не беа модели, би биле... доктори?

Можеби на некои ќе им биде тешко да поверуваат дека некои од најплатените модели во светот некогаш сакале потполно поинаква кариера.

da-ne-bea-modeli-bi-bile-doktori-01

Всушност, многу од нив кои се откажале од докторските и академски кариери, заради позирањето во Вог.

Адријана Лима

Кога во 2006 година новинарите ја прашаа дали отсекогаш сакала да биде манекенка, таа признала дека имала малку поинакви желби некогаш.

„Кога започнав да се бавам со ова бев премногу млада за да знам што сакам. Но, денес би сакала да станев доктор. Би сакала да бидам педијатар.“

Карли Клос

Отсекогаш посакувала да оди на Харвард, каде ќе студира медицина.

„Секогаш сум била заинтересирана за медицина. Мојот татко е доктор, а Тајра Бенкс тоа и го направи, таа беше на Харвардс. Тогаш, и јас можам.“

da-ne-bea-modeli-bi-bile-doktori-1

Кара Делевињ

Кара секогаш е поинаква и своја, но нејзините визии не се разликуваат многу од останатите колешки.

„Ја имав таа чудна опсесија со стоматологијата и сакав сама да си ја прегледувам устата. Чудно, ама така е!“

Бехати Принсло

Помислевте дека ангелот на Викторијас Сикрет и идната сопруга на Адам Левин е совршено задоволна со својот живот?

Но, таа откри дека да не била манекенка би сакала да биде морски биолог и би живеела на Хаваите.

Џоан Смолс

Темната убавица неодамна призна дека дефинитивно би била психолог, да не успеала како модел.

Всушност, таа има диплома по психологија која ја добила на факултет во Порто Рико, пред да се пресели во Њујорк.

da-ne-bea-modeli-bi-bile-doktori-2

Би можело да ве интересира:

Била зависничка од дрога, денес има 73 години – Каде е и што прави Ивет од бразилската серија „Клон“... Во 1969-та била Мис Бразил, го изгубила старателството над синот заради зависнос...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
„Бев една од жртвите на Р. Кели, раперот полош и од Диди – од 13 години ме држеше како робинка, тетк... Решона Ландфер е една од многуте жртви на Р. Кели и вели дека раперот почнал да ...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...

Најчитани неделава