Даниел Кајмакоски и уште 4 ѕвезди од „Х-фактор“ на концертот на Пилоти во Скопје

„Балкан медија“ со гордост ви го најавува големиот спектакуларен концерт на најпопуларните учесници од музичкото шоу „Х-Фактор“.

x-faktor-koncert-01

На 14. март во спортскиот центар „Борис Трајковски“, легендарните Кики Лесендриќ и Пилоти заедно со ѕвездите од „Х-Фактор Адриа“ на концерт во Скопје.

Освен Кики и Пилоти во Скопје доаѓаат и шармантниот Лукијан Ивановиќ, неверојатната Тамара Милановиќ, финалистот со најубавата насмевка Алекса Перовиќ, неповторливите „Доктори“ и мега популарниот Даниел Кајмакоски.

Сите оние коишто овој 14. март ќе бидат во „Борис Трајковски“ ќе имаат неповторлива можност освен со Кики Лесендриќ и „Пилоти“ да се забавуваат и со финалистите во кои што се вљуби цел регион, да бидат дел и од настапот на ексклузивни гости коишто само ќе ја надополнат спектакуларната концертна атмосфера. 

Влезниците од утре ќе бидат пуштени во продажба на продажните места на „Купи карти за сè“ како и во стандардните продажни места низ Скопје и цела Македонија: „Пола Југотон“, цвеќара „Розе Веро 2“, „Камарад“ - Рамстор.

Цените на влезниците до 5. март се: трибина - 400 денари, партер - 350денари, фан пит - 700 денари и вип трибина - 1000 денари.

Би можело да ве интересира:

Го уапсија за проституција, живее на фарма: Што се случи со актерот кој го глуми Марв во „Сам дома“? Кон крајот на мината година, Даниел Стерн бил фатен додека се обидувал да најми ...
„Барем некој отиде со жена му“ – Меси на концерт на Coldplay со сопругата и децата, ги „уловија“ на ... Последната снимка од Kiss камерата на Coldplay која вирално се рашири разоткри а...
„Имаш 6 прсти?“ – Крис Џенер критикувана за фотошопирање, откако си го подмлади изгледот И мама Крис потпадна на претераното уредување фотографии и се засрами со Фотошоп...
Смешни реакции за настапот на Џастин Бибер на Coachella – си пушташе песни на Јутјуб: „Барем има пре... Џастин Бибер доби 10 милиони долари за да настапува на музичкиот фестивал Coache...
„Хулк Хоган е убиен, некој направил грешка и пробува да ја скрие“: Мистерија околу смртта на познати... Ќерката на Хулк Хоган вели дека бил контактирана од лекари и полицајци кои ѝ каж...
Ѝ бил идол, имала негови постери, а не знаела дека ѝ е татко: Емотивната приказна на Лив и Стивен Та... До својата 11-та година, Лив Тајлер не знаела дека Стивен Тајлер ѝ е татко, без ...

Најчитани неделава