По Златна Бубамара никој не знае каде е Даниел

На првата прес-конференција по повод учеството во емисијата „Еден на еден“ и концертот на Пилоти и ѕвездите на „Х-фактор“, сите новинари беа дојдени за првпат да го видат и да му постават по некое прашање на Даниел Кајмакоски.

po-zlatna-bubamara-nikoj-ne-znae-kade-e-daniel-01

Но, беа разочарани, бидејќи  Даниел, за жал, не се појави. На шега Кики Лесендриќ го оправда дека по вчерашната вечер на „Златна Бубамара“ се вратиле во ист хотел, но утрово го немало и затоа не можел да се појави. Точните причини најавија дека ќе ни ги открие самиот Даниел во следна прилика.

Сепак, на прес-конференцијата присуствуваше уште една ѕвезда од „Х-фактор“, Тамара Милановиќ која беше срамежлива, но искрена и отворена и одговараше на сите новинарски прашања.

Најпрво се заблагодари за пречекот во Скопје и прекрасниот прием, бидејќи веќе се чувствувала како дома.

Почувствувала огромна поддршка во Македонија и вчера сфатила колку обожаватели има овде, кога се појавила на „Златна Бубамара“. Сепак, таа вели дека не се чувствува како ѕвезда.

За Даниел имаше само пофални зборови дека е супер другар и брзо се зближиле. Според неа фаворите за во финалето се Даниел, Алекса и „Доктори“, но би сакала и таа да се најде таму.

На почетокот најмногу страв имала од мислењето на Жељко Јоксимовиќ, но сега најмногу го почитува и ѝ значи мислењето на Кики Лесендриќ.

Во однос на македонската музика, кажа дека не слуша многу ниту македонска ниту српска музика, но имала можност на претходното Live Show да разговара со Калиопи која ѝ дала огромна поддршка, ја нарече жена - инспирација, поради која за првпат немала трема на настапот.

po-zlatna-bubamara-nikoj-ne-znae-kade-e-daniel-1

Од она што го најави Кики за на концертот се знае дека сигурно ќе настапат Даниел, Тамара, Алекса, Лукијан и „Доктори“, но веќе ги подготвува и дел од оние кои испаднаа како Александра Секулиќ, 4U.

Тој и Жељко веќе работат на некои авторски песни за Даниел, Тамара и Алекса, а најави и дека сигурно ќе има еден албум барем со по една песна од сите финалисти на „Х-фактор“.

Сепак и негови лични фаворити не само за победници и балкански ѕвезди, туку и светски се Даниел и Тамара.

Повеќе детали за сè она што им се случува на Даниел и Тамара ќе може да гледате во емисијата „Еден на еден“.

po-zlatna-bubamara-nikoj-ne-znae-kade-e-daniel-2

 

Соопштение:

Од продукцијата на МБК излегоа со официјално соопштение за денешното непојавување на Даниел Кајмакоски на прес-конференцијата по повод концертот на „Пилоти“ закажан за 14. март.

Во нивната реакција се потенцира дека присуството на Даниел во Скопје е исклучиво заради гостувањето на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“ и дека никогаш официјално не добиле барање Даниел Кајмакоски да присуствува на прес-конференцијата која се одржа во „Сити Мол“ денеска на 20.2.2014.

- Потврдуваме дека официјално барање од продукцијата „План Б“ никогаш  нема пристигнато на нашата адреса и поради тоа немаа право да го повикуваат како гостин на прес-конференцијата, а со тоа да му нанесат штета на неговиот углед кај сите кои го почитуваат она што тој го прави.

Нашиот ексклузивец и понатаму ќе настапува и ќе им биде достапен на своите фанови, како и на новинарите и на сите кои сакаат да уживаат во неговата музика.

Би можело да ве интересира:

Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Била љубоморна и го „задушувала“, сакал да ѝ раскине: Детали за кризата во врската на Кајли Џенер и ... Иако сега се шпекулира дека можеби ќе се свршат, до неодамна, Кајли и Тимоти мин...
Побарал помош кога се разбудил во локва крв, се дрогирал со лепило на 11 години – бруталното минато ... Том Харди почнал да експериментира со дрога на само 11-годишна возраст, а веќе д...
Кендал Џенер и Џејкоб Елорди се новиот славен пар: Џастин Бибер им бил „стројник“, безуспешно пробув... Кендал Џенер и Џејкоб Елроди почнале да се гледаат уште во февруари, а Крис Џене...
Бившиот на Бритни Спирс со неверојатно тврдење: „Синовите се буделе ноќе, а таа стоела со нож пред н... „Понекогаш ќе се разбуделе ноќе и ќе ја виделе како тивко стои на прагот на нивн...
Го уапсија за проституција, живее на фарма: Што се случи со актерот кој го глуми Марв во „Сам дома“? Кон крајот на мината година, Даниел Стерн бил фатен додека се обидувал да најми ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg