Најинтелигентните ѕвезди-генијалци во Холивуд

Покрај успешната кариера во индустријата на забавата некои од познатите личности успеале да постигнат и високи академски резултати. Тие се само 2 % од светската популација и се ѕвезди-генијалци.

najinteligentnite-zvezdi-genijalci-vo-holivud-01

Многу од нив иако имале голем потенцијал, поради кариерата го напуштиле школувањето, но достигнале врвни резултати и останале меѓу најпознатите во шоубизнисот.

Џина Дејвис (IQ 142)

Покрај тоа што има успешна кариера во шоубизнисот како глумица, модел, продуцентка и писателка, Џина (58) е успешна и во спортот. Во 2000 година се квалификувала како резерва на стрелечкиот тим на САД кој настапил на Летните олимписки игри во Сиднеј. Оскаровката дипломирала драматургија  во Бостон.

najinteligentnite-zvezdi-genijalci-vo-holivud-1


Мерил Стрип (IQ
143)

Холивудската дама Мерил (64) влегла во историјата како личност која најмногу пати била номинирана за наградата Оскар, дури 18 пати, а го добила само 3 пати. Студирала на Васар, Дартмут и Јеил каде дипломирала на драматургија. За неа често велат дека е една од најдобрите глумици на сите времиња.

najinteligentnite-zvezdi-genijalci-vo-holivud-2


Нолан Гулд (IQ
150)

Американски детски глумец кој е најпознат по улогата на Лук Данфи во серијата „Модерна фамилија“. Младиот генијалец завршил средно училиште на 13 години. Нолан (15) се надева дека ќе може да се запише на факултет и да слуша предавања онлајн.

najinteligentnite-zvezdi-genijalci-vo-holivud-3


Шерон Стоун (IQ
148)

Оскаровката (56) како дете била многу напредна и надарена, па второ одделение била на 5 години. Но, не завршила факултет. Се запишала на факултет во Единбург, но го напуштила за да се занимава со манекенство, кое подоцна го напуштила заради глумата.

najinteligentnite-zvezdi-genijalci-vo-holivud-4


Џим Морисон (IQ 147)

Фронтменот на легендарните The Doors, текстописецот и пејач, Џим Морисон од мал многу сакал да чита. Бил надарен и помеѓу останатите дела ги читал и Ниче, Кафка и Балзак. На Калифорнискиот факултет завршил додипломски студии за филм.

najinteligentnite-zvezdi-genijalci-vo-holivud-5


Кејт Бекинсејл (IQ
152)

Британската глумица Кејт (40) е уште една во низата која го напуштила школувањето за да се посвети на актерската кариера. Ќерка е на двајца актери и глумата ѝ била составен дел од животот. Кејт после приватното училиште се запишала  на Оксфорд, но го напуштила во трета година.

najinteligentnite-zvezdi-genijalci-vo-holivud-6


Алиша Кис (IQ
154)

Алиша е кантавтор, продуцент, глумица и текстописец. Почнала да свири клавир на седум години, завршила висока уметничка школа во Њујорк со најдобри оценки уште на 16 години. Истата година потпишала договор со Columbia Records, а добила и стипендија за на факултетот Колумбија, но брзо се откажала од студирањето за да се посвети на музичката кариера.

najinteligentnite-zvezdi-genijalci-vo-holivud-7

Уште 7 на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Била зависничка од дрога, денес има 73 години – Каде е и што прави Ивет од бразилската серија „Клон“... Во 1969-та била Мис Бразил, го изгубила старателството над синот заради зависнос...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Луисана Лопилато наполни 39 години и испрати моќна порака: „Грешев, плачев, се пронаоѓав – и во најт... Неодамна прослави 15 години со саканиот, со кого има 4 деца, од кои едното на 3 ...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св... „Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...
Се прослави покрај Џорџ Клуни, ја остави глумата за да биде со децата - Како Ноа Вајл се врати на го... Беше еден од милениците на Холивуд во 1990-тите, кога глумеше во серијата E.R по...
Блејк Лајвли објави досега невидени фотки од снимањето на Gossip Girl, по 18 години: „Серијата ми бе... „Летото кога Gossip Girl наполни 18 години... Оваа серија ми беше како колеџ, уч...

Најчитани неделава