Пред концертот на „Х-фактор“ погледнете го спотот за дуетот на „Доктори“ и Кристина Ковач

До големиот концерт на „Х-Фактор“ финалистите остануваат уште 8 дена. Финалистите на големо се подготвуваат за своите настапи, а освен што е планирано да настапат со своите изведби од емисиите во живо дел од нив ќе ги презентираат и своите нови песни и преработки.

pred-koncertot-na-x-faktor-poglednete-go-spotot-za-duetot-na-doktori-i-kristina-kovac-01

Она што е извесно е дека „Доктори“ ќе ја изведат „Умиру јелени“, изведба која ја направија во дует со нивната менторка Кристина Ковач.

За овој дует снимија и видеоспот кој може премиерно да го погледнете:


Како ќе звучат „Доктори“ и останатите финалисти во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, ќе видите на 7. јуни. Влезници сè уште има за партер по цена од 350 денари и 400 за трибини.

Регионалното издание на „Икс Фактор“ се одржа со исклучителен успех и привлекувајќи огромно внимание од македонската публика, особено со победата на македонскиот претставник Даниел Кајмакоски.

Овој концерт ќе биде одлична прилика заедно да покажеме дека успешната кариера на нашиот победник ќе започне токму од Скопје и со безрезервната поддршка од македонската публика.

Покрај Даниел Кајмакоски и „Доктори“, изведувачите кои ќе ги видиме на големиот концерт во Скопје се артистите кои се пласираа во 12-те финалисти на „Х-Фактор Адриа“ како Младен Лукиќ, Маја Новаковиќ,Александра Брковиќ, Тамара Милановиќ, Алекса Перовиќ, Харис Ќато, Лукијан Ивановиќ, дуото„H2O“;сочинето одФифи и Маринела, како и бендот„4U“.

Би можело да ве интересира:

Бившиот на Бритни Спирс со неверојатно тврдење: „Синовите се буделе ноќе, а таа стоела со нож пред н... „Понекогаш ќе се разбуделе ноќе и ќе ја виделе како тивко стои на прагот на нивн...
Синовите на Рики Мартин пораснаа во момци кои се копија на нивниот згоден татко (фото) Сите ги помниме како малите слатки момчиња со руса коса, а сега како преку ноќ д...
Јаков Јозиновиќ и уште 4 познати мажи кои се докажани кавалери (и 2 што не се воопшто) Колегата на Марко Роби пробува со раце да ја заштити од дождот, Јаков Јозиновиќ ...
Анџелина Џоли со нови детали за разводот со Бред Пит: „Му ги оставив домовите, не плаќаше алиментаци... „Настаните кои доведоа до мојата потреба да се разведам беа многу емоционално те...
Гвинет Палтроу (52) ги покажа брчките на лицето, фановите ја фалат: „Конечно реална фотка, без филтр... Гвинет Палтроу старее природно и не се срами да објави фотка без филтри, на која...
Бритни покажа дека живее во хаос и прозборе за Сем Ашгари првпат по разводот: „Тажно е за гледање, ѝ... По реакциите и загриженоста на фановите, Бритни го избриша видеото во кое се гле...

Најчитани неделава