Што ѝ подари Канје на Ким за свадбата? (фото)

Ким Кардашијан и Канје Вест на својата свадба потрошиле милиони и добиле различни екстравагантни подароци од гостите. Сепак, Каније и покрај тоа се погрижил неговиот подарок за Ким да биде посебен.

unikaten-svadben-podarok-od-kanje-za-kim-foto-01.jpg

Раперот на својата сопруга ѝ подарил слика, на која покажува што најмногу му се допаѓа на неа. Уметничкото дело на уличниот сликар Бамби, насловено како „Перфектна кучка“ во најпозитивна смисла, како главен мотив го има популарниот задник на Ким.

Токму тоа е омилениот дел од нејзиното тело кое Канје сакал да го прикаже на уметнички начин и да ѝ го подари.

На сликата Ким е претставена свртена со грб, клекната на колена, а на неа има само црни Лобутин чевли и црна танга.

Според пишувањата на британскиот весник „Mirror“, агентот на Канје нарачал нешто отмено, но сепак да ја прикажува класичната Ким.

Сликата е изработена на метална подлога, а Канје планира да ја закачи во спалната соба.

unikaten-svadben-podarok-od-kanje-za-kim-foto-1

Би можело да ве интересира:

На Ким ѝ се посреќи во љубовта – на вечера со Луис Хамилтон ги однесе и своите деца, а се дружеше и ... Изгледа дека романсата на Ким и Луис Хамилтон е сериозна, откако беа забележани ...
Гафови со кои славните личности покажаа дека не се најпаметни Ким Кардашијан тврди дека слетувањето на Месечината е лажно, а како извор ги нав...
Ким Кардашијан и Луис Хамилтон се во тајна врска - „уловени“ на романтични патувања, биле на масажа ... Во саботата Ким долетала до рурално место во Англија за да помине 24 часа со Луи...
Драми и навреди: Најголемите караници на Кардашијанс со други славни личности „Денес Ким Кардашијан објави гола фотка. Ако Ким сака да видиме дел од неа што д...
Два обида за самоубиство, проблеми со дрога: Каде е денес таинствената поранешна сопруга на Еминем? Еминем и Ким Скот се венчаа и разведоа двапати. А, додека беа заедно, заеднички ...
Ким Кардашијан откри дека блиска личност најмила платен убиец за неа – фановите убедени дека е Канје „Добив повик од истражители. Некоја моја блиска личност го нарачала моето убиств...

Најчитани неделава