Сите детали за дводневната свадба на Новак Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ

Српскиот тениски шампион Новак Ѓоковиќ и неговата вереница Јелена Ристиќ ги прават последните свадбени подготовки и јавно ги замолија сите медиуми за приватност. Сепак, поголем дел од информациите за свадбената церемонија се открија пред време.

site-detali-za-dvodnevnata-svadba-na-novak-gokovik-i-jelena-ristik-01.jpg

Парот кој е во врска од 2006-та година се вери минатиот септември, а како датум за свадбената церемонија го одбрале 9-ти и 10-ти јули.

Гостите ќе пристигнат на Свети Стефан, Црна Гора на 9-ти јули, а на листата на гости се најдоа и Јанко Типсаревиќ, Ана Ивановиќ, Енди Мареј, Јелена Јанковиќ и Марија Шарапова.

Сè уште непознато е кому ќе му припадне кумството, иако се шпекулира дека како сведок можно е да се појави соиграчот и пријателот на Новак, Виктор Троицки.

site-detali-za-dvodnevnata-svadba-na-novak-gokovik-i-jelena-ristik-03.jpg

За 50-те ВИП гости се изнајмени луксузни апартмани покрај Јадранското Море, а се очекува дека вкупниот број на гости ќе биде околу 150.

Мобилните телефони не се дозволени во салата каде ќе се одржува венчавката, за да не се наруши приватноста на церемонијата.

Последната информација која позитивно ги изненади сите медиуми и фанови на српскиот тенисер беше поврзана со свадбените подароци. Паричните средства кои ќе бидат собрани како свадбен подарок ќе бидат донирани преку фондацијата на Ѓоковиќ.

site-detali-za-dvodnevnata-svadba-na-novak-gokovik-i-jelena-ristik-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Го сменил бројот кога бившата му рекла дека е бремена – Овен Вилсон глуми грижлив татко, а својата ќ... „Ми помага финансиски, но тоа никогаш не ми беше важно. На Лајла ѝ е потребен та...
Рацете никогаш не лажат: Славни дами кои не можат да ги скријат годините, и покрај милионите (фото) Крис Џенер, Кејт Мос, Лорен Санчез... можеби плаќаат милиони за да ги скријат тр...
Се венча со порно актер, беше зависна од хероин: Тажниот живот на првата актерка што ја глумеше Венз... Иако Џена Ортега и Кристина Ричи се одлични во улогата на Венздеј Адамс, актерка...
Се прослави покрај Џорџ Клуни, ја остави глумата за да биде со децата - Како Ноа Вајл се врати на го... Беше еден од милениците на Холивуд во 1990-тите, кога глумеше во серијата E.R по...
Никол Кидман и Кит Урбан се разделија по 20 години - Не живеат заедно со месеци, актерката сакала да... По две децении љубов, актерката и музичарот ставаат крај на својот брак - тие не...
Викторија и Дејвид Бекам ја разгореа страста на јахта – таа не може да му одолее на згодниот сопруг ... Дејвид чита книга, но Викторија има други планови за него – Бекамови уловени во ...

Најчитани неделава