Успешната приказна на блогерката Кјара Ферањи

Името Кјара Ферањи или „The Blond Salad“ веќе им е познато на многу луѓе кои се интересираат за светот на модата.  

uspesnata-prikazna-na-blogerkata-chiarra-ferragni-01.jpg

Ферањи има студирано право, доаѓа од мало гратче во близина на Милано, а во 2009-та година го започна модниот блог во кој ги документираше сите свои комбинации на облека.

Денес таа има над 11 милиони следбеници на Инстаграм и над 14 милиони луѓе ја посетуваат нејзината страна секој месец за стилски совети.

Таа на сајтот денес продава сè - од чевли и облека до аксесоари и куфери, а нејзината колекција е препознатлива по нејзиното лого со сино око.

uspesnata-prikazna-na-kjara-feranji-002.jpg

Многу постари генерации превртуваат со очите кога ќе се зборува за овие успешни луѓе, бидејќи сѐ уште веруваат дека за ваков успех е потребно многу повеќе труд.

Но, сè повеќе луѓе како Кјара денес живеат многу добро и градат успешни кариери од комбинирање парчиња облека и секојдневно постирање на социјалните мрежи.

uspesnata-prikazna-na-chiarra-ferragni-04.jpg

Ферањи веќе беше на листата на Forbes за 30 успешни луѓе под 30 години, двапати. Таа заработува вртоглава сума на пари секој месец и многу често ги краси насловните страни на познати списанија.

uspesnata-prikazna-na-chiarra-ferragni-03.jpg

Таа е добар пример за „инфлуенсер“ - термин кој се користи од корисниците на социјалните мрежи кои го користат блогерството за да заработат пари од своите брендови.

Ферањи тврди дека и во реалноста е иста личност како на Инстаграм и дека луѓето често се изненадени што таа е многу љубезна и забавна во вистинскиот живот, бидејќи очекуваат да биде недопирлива.

Таа објавува слика околу 6 пати на ден, најчесто селфиња од нејзиниот живот на кои на себе носи доста завидливи парчиња облека од најпознатите дизајнери.

Нејзините слики секогаш имаат околу 200.000 лајкови, а нејзиниот совет за добро селфи е секогаш да имате добро светло и да не се познаваат никакви сенки на вашето лице.

Блогерката најчесто го користи „Valencia“ филтерот на Инстаграм и ефектот за повеќе светло.

Кјара денес има 30 години и е верена со италијанецот Федез. За себе вели дека не е обичен блогер, туку дека нејзината платформа е и многу инспиративна.

uspesnata prikazna na kjara feranji 3

Нејзината мајка обожавала фотографија, а исто така била и писател, а нејзиниот татко е стоматолог. Таа вели дека токму поради тоа е популарна, затоа што луѓето ја сакаат нејзината приказна за самоиздигнување.

Приказна како нејзината не е многу вообичаен случај во Италија, обично помладите генерации немаат дури ни работа. Во 2009 година таа го направила нејзиниот блог со помош на нејзиното тогашно момче.

Нејзините комбинации уште од почетокот биле популарни и многу брендови почнале да ја контактираат за реклами кои се движеле од 1.000 до 2.000 евра по пост.

Денес тие дефинитвно имаат повисока цена и заедно со нејзината колекција облека и чевли во 2016-та година донеле околу 17 милиони евра профит.

Блогерите денес се голем дел од бизнис светот, а Кјара тврди дека има место за сите кои сакаат да се докажат и дека сè се сведува на изборот и вкусот на публиката.

Животот на Кјара Ферањи се сведува на тропски одмори, фенси хотели, дизајнерска облека и пресоблекување околу 5 пати дневно.

Иако не секој може да си дозволи да го има нејзиниот животен стил, сепак можете да ги купите нејзините светкави чевли и за момент да се почувствувате како дел од џет сет светот на Кјара.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...

Најчитани неделава