Мрази кога со Фотошоп ѝ ги тргаат брчките: 13 интересни факти за Меган Маркл

Постојано со насмевка на лицето и став дека соништата се остваруваат ако навистина сакате, таа е навистина инспиративна жена.

mrazi-koga-so-fotoshop-i-gi-trgaat-brchkite-13-interesni-fakti-za-megan-markl-01.jpg

„Не читам што пишуваат медиумите за мене. Луѓето што ми се блиски знаат која сум. Останатото е врева“, има изјавено во една пригода Меган Маркл.

Актерката која на пролет 2018 година ќе има кралска венчавка со принцот Хари инстантно стана миленичка на луѓето ширум светот.

Некои факти за неа ќе ви докажат дека таа е навистина неверојатна жена:

- Меган ѝ е средно име. Рејчел е нејзиното прво име, кое всушност е и име на нејзиниот лик во серијата Suits. Интересна коинциденција!

mrazi-koga-so-fotoshop-i-gi-trgaat-brchkite-13-interesni-fakti-za-megan-markl-05.jpg

- Меган е неверојатно блиска со својата мајка Дориа и ги игнорира суровите коментари дека таа не ѝ е биолошка мајка бидејќи нивната боја на кожа толку е различна. Мајка ѝ уште од мали нозе ја учела јога и патувајќи во разни земји ѝ ги откривала проблемите што го мачат светот.

- Таа во 2006 година била дел од популарното шоу „Deal or No Deal“, но вели дека навистина ѝ било некомфорно во таа улога на држење на кутии на толку високи потпетици.

mrazi-koga-so-fotoshop-i-gi-trgaat-brchkite-13-interesni-fakti-za-megan-markl-04.jpeg

- Нејзината мајка ѝ го дала прекарот „Flower“ (цвет) како дете и таа има низа фотографии на социјалните мрежи со цвеќиња.

- Пред да стане позната, своите сметки ги плаќала со помош на дарбата за пишување (калиграфија). Таа ја има напишано и свадбената покана на пејачот Робин Тик.

mrazi-koga-so-fotoshop-i-gi-trgaat-brchkite-13-interesni-fakti-za-megan-markl-02.jpg

- Меган во една пригода изјави дека рачно напишаните пораки се изгубена форма на уметност и навистина е романтично маж да ѝ испрати ваква порака на жена.

- Мрази кога со Фотошоп ѝ ги тргаат брчките од фотографиите.

- Дел е од низа хумантирани организации. Има посвоено и кученце.

mrazi-koga-so-fotoshop-i-gi-trgaat-brchkite-13-interesni-fakti-za-megan-markl-03.jpg

- Дипломирала на Northwestern универзитетот и потоа отпатувала во Буенос Аирес за да работи во американската амбасада.

- Обожава да готви и секогаш ги изненадува пријателите со своите уникатни рецепти. Омилено ѝ е пилешко месо.

- Уште на 11-годишна возраст испратила писмо до тогашната прва дама Хилари Клинтон за да се жали за една реклама, која ги дискриминирала жените. Компанијата подоцна ја променила рекламата.

- За неа годините не се пречка. Меган е 3 години постара од Хари.

- Меган ќе биде првата Американка која влегла во британското кралско семејство по 1937-та година.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Фокс откри дека имала спонтан абортус со бебето на Машин Ган Кели: „Се прашував - Зошто ми се ... „Ни беше многу тешко и на двајцата и тоа нè одведе во еден сосема поинаков праве...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Меган Маркл го прослави 42-иот роденден - Хари покрај неа, а таа блеска од среќа, по гласините за ра... Парот до пред извесен период со месеци се немаше појавено во јавност заедно и кр...
Мајката на Џеј Зи, која има 4 деца, се ожени со девојката на 72 години - Која е нејзината нова сопру... Венчавката на мајката на Џеј Зи и нејзината партнерка Роксан ја изненади јавност...
Машин Ган Кели како Ума Турман, а Меган Фокс со крв на лицето - Ѕвездите со спектакуларни маски по п... Парис Хилтон ѝ даде поддршка на другарката Бритни Спирс, па се облече во костимо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg