Франсиа Раиса се отвори за тешкото закрепнување по донирањето бубрег на Селена Гомез

Младата актерка проговори за сите тешкотии со кои се среќавала во текот на изминатите месеци, но вели дека сепак не се кае за одлуката.

fransia-raisa-zakrepnuvanjeto-po-donacijata-na-bubreg-na-selena-gomez-e-brutalno-teshko-01.jpg

Селена Гомез веќе подолг период боледува од лупус. Автоимуната болест минатата година ѝ направи сериозно оштетување на бубрезите, па очајно ѝ беше потребна трансплантација на бубрег.

Личноста која се одлучи да донира беше актерката Франсиа Раиса, една од најдобрите пријателки на Селена.

fransia-raisa-zakrepnuvanjeto-po-donacijata-na-bubreg-na-selena-gomez-e-brutalno-teshko-04.jpg

Во едно неодамнешно интервју Франсиа отворено проговори за тешкиот процес на закрепнување и ги покажа лузните од операцијата.

fransia-raisa-zakrepnuvanjeto-po-donacijata-na-bubreg-na-selena-gomez-e-brutalno-teshko-02.jpg

„Селена и јас по операцијата минавме низ депресија. Таа имаше некои компликации и огромни лузни... Се сеќавам дека добив порака од Селена во која ми пиша дека е многу исплашена затоа што мисли дека ќе умре (но, за среќа докторите открија од каде потекнува компликацијата и со дополнителна процедура го стабилизираа функционирањето на новиот бубрег во телото на Селена)“, изјави Франсиа.

За процесот на закрепнување таа вели:

„Конечно започнав да танцувам повторно... Ми беше тешко неколку месеци затоа што не сум навикната да не бидам активна. Имав луѓе покрај себе кои ми помагаа да се истуширам. Мислам тоа знае да нервира, малите работи како тоа што не можете да си го досегнете грбот за да го избришете со пешкир. Не можев да го кренам во раце ниту моето куче.“

Донацијата на бубрези е релативно сигурно процедура. Само 0.03% од луѓето кои донирале бубрег умреле поради компликации со процедурата.

Сепак, луѓето потоа мора да бидат внимателни со едниот бубрег кој им останува во телото. Треба да водат здрав начин на живот и да се штитат од повреди.

Ова особено важи за млади и здрави луѓе како Раиса. Таа наскоро повторно ќе води сосема нормален живот.

fransia-raisa-zakrepnuvanjeto-po-donacijata-na-bubreg-na-selena-gomez-e-brutalno-teshko-05.jpg

Нејзината исповед за тешкиот процес на закрепнување:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Селена Гомез не пропушта одмор со другарките – се сонча во монокини на плажа во Мексико (фото) Не се срами од своето несовршено тело и облечена во розово монокини ужива во заб...
Федерер ја возвишува сопругата Мирка: „Одам со неа на шопинг и по 10 часа и правам сè што ќе посака ... „Кога сме на одмор, правам сè што таа ќе посака. Ако сака да оди 10 часа на шопи...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
„Таа е магионичар, блескам заради неа“ – Ева Лонгорија (50) за српската докторка во Дубаи која ја од... „Кога одам кај неа, излегувам здрава и блескава“ – вели Ева Лонгорија за српскат...
Селена Гомез со стомаче и облини, посреќна од кога било на нејзината моминска забава – свршеникот сл... Селена Гомез го помина викендот со пријателки на јахта во Мексико, а според изво...

Најчитани неделава