13 моменти од животот на Ким Кардашијан кои би сакала сите да ги заборават

Животите на целиот клан Кардашијан потсетуваат на сапунска серија, но се чини дека оној на Ким сè уште предизвикува најмногу внимание и интерес.

13-momenti-od-zivotot-na-Kim-Kardashijan-koi-bi-sakala-site-da-gi-zaboravat-01.jpg

Сепак, како и секој човек и таа има прилично многу грешки и моменти кои би сакала да ги заборават сите, вклучувајќи ја и неа. Но, она што го научивме за модерното време е дека интернетот ниту простува, ниту пак заборава.

Ова се најсрамните моменти од животот на Ким Кардашијан кои би сакала да ги избрише засекогаш од својата лична биографија:

Ким беше личен организатор на плакари

Пред да стане огромна ѕвезда, Ким имала навистина скромни почетоци. Имено, таа започнала да работи како организатор на плакарите со облека и обувки на познатите. Листата на нејзините клиенти започнува со Парис Хилтон, Роб Лов и Никол Ричи.

Денес, секако, таа има цела армија луѓе кои го средуваат нејзиниот личен плакар наместо неа.

13-momenti-od-zivotot-na-Kim-Kardashijan-koi-bi-sakala-site-da-gi-zaboravat (1).jpg

Сите мемиња за нејзиниот задник

Она што предизвикува најмногу внимание од телото на Ким е секако нејзиниот задник. Иако во нивното реално шоу таа се обиде да ѝ објасни на публиката преку рендген снимка дека нема никакви импланти во задникот, луѓето не престануваат да прават шеги на нејзина сметка.

Фотката од корицата на списанието Paper во 2014 година не беше никаков исклучок.

13-momenti-od-zivotot-na-Kim-Kardashijan-koi-bi-sakala-site-da-gi-zaboravat (2).jpg

Периодот кога рекламираше тоалетна хартија

Да, славните луѓе се обидуваат да заработат на секој можен начин, рекламирајќи секакви производи, а на сите им треба тоалетна хартија, нели?

Ким имала договор со брендот Charmin, па дури и ја пресекла црвената лента на отворањето на тоалет во Њујорк.

13-momenti-od-zivotot-na-Kim-Kardashijan-koi-bi-sakala-site-da-gi-zaboravat (3).jpg

Фотката со изгореници од сонце

Додека Ким била на одмор во Мексико и удобно се сончала, задремала на жешкото сонце со (потенцирано од нејзина страна) - своите Прада очила, кои очигледно добро ја завршиле својата работа во оние делови кои успеале да ги покријат на нејзиното црвено изгорено лице.

13-momenti-od-zivotot-na-Kim-Kardashijan-koi-bi-sakala-site-da-gi-zaboravat (4).jpg

Катастрофата наречена Mastercard

Уште една несреќна приказна кога станува збор за рекламирање на бренд. Пред неколку години Mastercard лансирале припејд кредитни картички кои го носат името на славното семејство за најверните обожаватели.

Но, само активирањето на картичките чинело од 60 до 100 долари. Business Insider констатирале дека ова се можеби најлошите кредитни картички на светот.

13-momenti-od-zivotot-na-Kim-Kardashijan-koi-bi-sakala-site-da-gi-zaboravat (5).jpg

Бракот кој траеше само 72 дена

Ниту раскошната свадбена церемонија не беше доволна да успее бракот со НБА кошаркарот Крис Хамфрис. Тој траеше само 72 дена, а се шушка дека поранешните вљубени птички не поминале заедно повеќе од 2 недели во текот на целата нивна врска.

13-momenti-od-zivotot-na-Kim-Kardashijan-koi-bi-sakala-site-da-gi-zaboravat (13).jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Федерер ја возвишува сопругата Мирка: „Одам со неа на шопинг и по 10 часа и правам сè што ќе посака ... „Кога сме на одмор, правам сè што таа ќе посака. Ако сака да оди 10 часа на шопи...
Ким Кардашијан и Луис Хамилтон се во тајна врска - „уловени“ на романтични патувања, биле на масажа ... Во саботата Ким долетала до рурално место во Англија за да помине 24 часа со Луи...
Гафови со кои славните личности покажаа дека не се најпаметни Ким Кардашијан тврди дека слетувањето на Месечината е лажно, а како извор ги нав...
На Ким ѝ се посреќи во љубовта – на вечера со Луис Хамилтон ги однесе и своите деца, а се дружеше и ... Изгледа дека романсата на Ким и Луис Хамилтон е сериозна, откако беа забележани ...

Најчитани неделава