13 моменти од животот на Ким Кардашијан кои би сакала сите да ги заборават

Нејзината „музичка“ кариера

Многу познати личности од реални ТВ шоуа се обиделе да направат музичка кариера. Хајди Монтаг, Парис Хилтон и секако – Ким Кардашијан. Нејзината песна насловена Jam (Turn It Up) заврши неславно и катастрофално.

13-momenti-od-zivotot-na-Kim-Kardashijan-koi-bi-sakala-site-da-gi-zaboravat (6).jpg

Периодот кога учествуваше во Dancing with the Stars („Танц со ѕвездите“)

И покрај тоа што Ким очигледно сака да пее и игра, не умее добро да го прави ни едното ни другото. Доказ за тоа беше нејзиното учество во шоуто „Танц со ѕвездите“ каде што не покажа грам талент на подиумот.

Не беше првата која излезе од натпреварот, но беше далеку од финалето.

13-momenti-od-zivotot-na-Kim-Kardashijan-koi-bi-sakala-site-da-gi-zaboravat (12).jpg

Кога сите ги видоа нејзините гаќички на Project Runway („Проект Писта“)

Во 2011 година Ким добила покана за биде гостин-судија за време на една од епизодите на популарното шоу за избор на најдобар моден креатор „Проект Писта“.

Нејзиното немарно прекрстување на нозете довело до срамна ситуација на која биле сведоци апсолутно сите – од натпреварувачите до публиката на ТВ.

13-momenti-od-zivotot-na-Kim-Kardashijan-koi-bi-sakala-site-da-gi-zaboravat (7).jpg

Кога Принц ја избрка од сцената

Истата 2011 година за време на еден настап на покојната музичка легенда Принц, тој ја поканил со него заедно на сцената. Нејзиното чудно и бизарно „танцување“ предизвикало негодување кај публиката, по што Принц ѝ рекол да се симне веднаш.

Подоцна Ким изјавила дека се „смрзнала“ во тој момент поради тоа што се нашла на истата сцена со толку голема музичка легенда.

13-momenti-od-zivotot-na-Kim-Kardashijan-koi-bi-sakala-site-da-gi-zaboravat (8).jpg

Катастрофалната улога во Disaster Movie

Иронично, насловот на филмот истовремено го опишува и талентот за глума на Ким–катастрофален. Филмот од 2008 година кој е пародија на повеќе хорор филмови има оценка 1.9 на популарниот сајт за филмови и ТВ серии IMDB.

13-momenti-od-zivotot-na-Kim-Kardashijan-koi-bi-sakala-site-da-gi-zaboravat (9).jpg

„Вампирскиот“ лифтинг на лицето

Процедурата која трае околу 90 минути и чини 1.000 долари вклучува вадење крв од пациентот. Истата се става во центрифуга, а потоа се нанесува и вбризгува на лицето.

Она што требаше да направи Ким да изгледа помладо, заврши со остри негативни коментари по нејзиното селфи на Инстаграм кое беше прогласено за бизарно.

13-momenti-od-zivotot-na-Kim-Kardashijan-koi-bi-sakala-site-da-gi-zaboravat (10).jpg

Секс снимката, очигледно

Она што ја стави Ким во центарот на вниманието секако беше нејзината порно снимка со тогашниот дечко, раперот Реј Џеј. Крис, мајката на Ким, успеа да ја продаде нејзината 15-минутна порно снимка пред таа да излезе во јавноста и да заработи многу, со што ја лансираше кариерата на својата ќерка.

13-momenti-od-zivotot-na-Kim-Kardashijan-koi-bi-sakala-site-da-gi-zaboravat (11).jpg

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Федерер ја возвишува сопругата Мирка: „Одам со неа на шопинг и по 10 часа и правам сè што ќе посака ... „Кога сме на одмор, правам сè што таа ќе посака. Ако сака да оди 10 часа на шопи...
Ким Кардашијан и Луис Хамилтон се во тајна врска - „уловени“ на романтични патувања, биле на масажа ... Во саботата Ким долетала до рурално место во Англија за да помине 24 часа со Луи...
Гафови со кои славните личности покажаа дека не се најпаметни Ким Кардашијан тврди дека слетувањето на Месечината е лажно, а како извор ги нав...
На Ким ѝ се посреќи во љубовта – на вечера со Луис Хамилтон ги однесе и своите деца, а се дружеше и ... Изгледа дека романсата на Ким и Луис Хамилтон е сериозна, откако беа забележани ...

Најчитани неделава