Познати фаци кои не се поднесуваат, а се сликале заедно

Мадона и Гвинет Палтроу

Пред десетина години, пејачката и глумицата беа најдобри пријателки. Папараците ги ловеа на секој чекор, затоа што редовно се дружеа и излегуваа. Но, идилата заврши, откако Мадона го отпушти заедничкиот личен тренер. Гвинет Палтроу требала да го направи истото, aма не го сторила тоа, бидејќи немала причина. Малото недоразбирање беше повод за поп кралицата да го прекине нивното иконско пријателство. А, во 2011 година, актерката напиша на блогот дека била исцрпена и понижена од поранешната другарка.

poznati-faci-koi-ne-se-podnesuvaat-a-se-slikale-zaedno-9.jpg

Брус Вилис и Силвестер Сталоне

„Брат за брат, сирење за пари.“ Брус Вилис и Силвестер Сталоне беа ортаци, сѐ до моментот кога првиот побара поголем хонорар за улогата во филмот „The Expendables 3“. Сталоне го навреди барањето на Вилис, до таа мера што напиша на Твитер: „Алчност и мрза...Формула за сигурен неуспех во кариерата.“ Наводно, на Силвестер му дошло преку глава, а оттогаш не го смета Брус за пријател. Сепак, за разлика од претходните примери, двајцата барем се обидуваат да ги надминат несогласувањата, во случај одново да застанат пред камерите.

poznati-faci-koi-ne-se-podnesuvaat-a-se-slikale-zaedno-10.jpg

Канје Вест и Тејлор Свифт

И врапчињата на гранка знаат дека Канје Вест и кантавторката не се поднесуваат. Сѐ започна на MTV Video Music Awards во 2009 година. За време на победичкиот говор на Тејлор Свифт, раперот истрча на сцената и ѝ го одзема микрофонот, само за да соопшти дека таа не ја заслужува наградата, туку Бијонсе. Нетрпеливоста меѓу двајцата продолжи, откако ја спомна и во неговата песна „Famous“. Дури и сопругата Ким Кардашијан се вклучи во нивната игра. Последниот одговор беше хитот „Look What You Made Me Do“, овојпат посветен од Тејлор за Канје. Но, очекувани се и нови продолженија.

poznati-faci-koi-ne-se-podnesuvaat-a-se-slikale-zaedno-11.jpg

Ен Хатавеј и Џејмс Франко

Дека се навистина добри актери, Ен Хатавеј и Џејмс Франко потврдија со нивната глума за време на 83-тото издание на манифестацијата Оскар. Во 2011 година, обајцата беа водители на доделувањето на филмските награди, па се честеа со насмевки на телевизиските екрани, а прегратки во бекстејџ. Но, подоцна се откри дека тие воопшто не зборуваат еден со друг зад кулисите.  Франко и неумесно се пошегува со колешката во една емисија, па веќе е извесно дека нема пак да ги видиме заедно во брзо време.

poznati-faci-koi-ne-se-podnesuvaat-a-se-slikale-zaedno-12.jpg

Мајли Сајрус и Ники Минаж

Раперката индиректно ја „прозва“ Мајли Сајрус, тврдејќи дека единствените поп ѕвезди што добиваат награди се слаби бели девојки. Таа се пронајде во зборовите на Ники Минаж, па искоментира дека е „некултурна“. Останатото е историја. И двете се немилосрдни една кон друга при јавните појавувања, така што никако не може да најдат заеднички јазик.

poznati-faci-koi-ne-se-podnesuvaat-a-se-slikale-zaedno-13.jpg

Леонардо ди Каприо и Клер Дејнс

Во 1996 година, ди Каприо и Дејнс беа пар во романтичната драма „Romeo + Juliet“, освојувајќи ги срцата на публиката. Но, самите тие останале дистанцирани и ладни. 16-годишната глумица не била „импресионирана“ од задевањата на постариот колега. Oд друга страна, Лео чувствувал дека Клер е пресериозна за возраста, како и неспособна да прифати шега. Кога не снимале сцена, речиси и да не зборувале еден со друг. Дваесет и две години подоцна, односите им се подобрени, ама ни приближно пријателски.

poznati-faci-koi-ne-se-podnesuvaat-a-se-slikale-zaedno-14.jpg

М. A. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ким Кардашијан го претвори домот во снежна шума, додека ќерка ѝ моли да живее со Канје (фото) Додека во јавноста се шпекулира дека Ким и Канје можеби ќе ги променат правилата...
Сите „одмазднички“ песни на Тејлор Свифт - Кои беа нејзините дечковци и кои песни им ги посвети? Се чини дека од секоја пропадната врска на Тејлор излегува по една позната „одма...
Мајка си е мајка: Ким Кардашијан направи снежна шума во домот за да ја израдува ќерката која тагува ... Само еден месец откако кажа дека ќерка ѝ Норт се жалеше заради тоа што живее со ...
Ник Канон, бившиот на Мараја Кери, има 12 деца – не може да ги наброи сите, едното почина од рак Ник Канон и Мараја Кери се венчаа по само два месеца врска, а заедно имаат две д...
Ким Кардашијан е во тајна врска со познат рагбист, се кријат поради Канје Ким Кардашијан повеќе од половина година е во врска со 12 години помлад рагбист,...
Познати личности од раните 2000-ти кои заборавивме дека постојат Се сеќавате на Тејлор Лотнер кој го глумеше Џејкоб во серијалот Twilight? Се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg