Познати фаци кои не се поднесуваат, а се сликале заедно

Голем дел од славните личности се егоцентрични. Не сакаат да го споделат ни воздухот, а камоли просторот за фотографирање со своите ривали. Сепак, тие се најдоа во ист кадар.

poznati-faci-koi-ne-se-podnesuvaat-a-se-slikale-zaedno-1.png

Кога ќе наидете на заедничка фотка од ѕвезди меѓу кои постои нетрпеливост, тоа може да значи две нешта. Прво, некогаш биле во добри односи, па сликата потекнува од тоа време. Второ, отсекогаш се мразеле, но се доволно лицемерни да се фотографираат едни до други.

poznati-faci-koi-ne-se-podnesuvaat-a-se-slikale-zaedno-2.jpg

Ова се познатите фаци кои не се поднесуваат, а се сликале заедно:

Мараја Кери и Ники Минаж

Поп ѕвездите водат медиумска „војна“ од времето кога беа судии во шоуто „American Idol“. По нејзини зборови, искуството за Мараја Кери било како „секој ден да оди на работа во пеколот со Сатаната.“ Секако, ниту Ники Минаж не ѝ остана должна за коментар(и), па оттогаш до денес, тие јавно се препукуваат.

poznati-faci-koi-ne-se-podnesuvaat-a-se-slikale-zaedno-3.jpg

Кети Пери и Тејлор Свифт

Бидејќи Тејлор Свифт има репутација на ѕвезда со помалку пријатели, одошто непријатели, не е некое големо изненадување што колешката Кети Пери премина од првата во втората група. Поп пејачките имаат милиони фанови – ама очигледно не им беа доволни. Тиквата „пукна“ поради ривалството меѓу нив, по што Свифт ѝ ја посвети песната „Bad Blood“ на Пери.

poznati-faci-koi-ne-se-podnesuvaat-a-se-slikale-zaedno-4.jpg

Доналд Трамп и Алек Болдвин

Не е тајна дека ни комичарката Тина Феј не го обожава американскиот претседател. Меѓутоа, најголем анимозитет на фотката постои помеѓу него и актерот Алек Болдвин. Тој е познат по комичните, но и навредливи имитации на Доналд Трамп во „Saturday Night Live“. После некое време, Трамп се огласи со мислење на Твитер. Ова беше почеток на нивната битка на социјалните мрежи, па тешко дека ќе се најдат во иста просторија уште еднаш.

poznati-faci-koi-ne-se-podnesuvaat-a-se-slikale-zaedno-5.jpg

Парис Хилтон и Ким Кардашијан

Богатата наследничка го презира патот до славата на старлетата. Зошто? Бидејќи ја фрли во сенка! Пред да доживее „бум“ во светот на шоу бизнисот, Ким Кардашијан ѝ беше асистентка на Парис Хилтон. Во тоа време, русокосата се наоѓаше на врвот од Холивуд. Но, исплива секс снимката на Кардашијан, па нештата се променија. Таа стана ѕвезда на реалното шоу, а Хилтон доживеа вртоглав пад. Уште ѝ нема простено за поразот.

poznati-faci-koi-ne-se-podnesuvaat-a-se-slikale-zaedno-6.jpg

Сет Роген и Џастин Бибер

Актерот не го воодушеви запознавањето со најголемата тинејџерска ѕвезда. По нивната куса средба, Сет Роген брутално го навреди на Твитер, пишувајќи: „Шегите настрана, Џастин Бибер е г*мно.“ Јавноста не беше претерано шокирана, бидејќи двајцата никогаш не ни имаа потенцијал да станат добри пријатели. На Бибер не му требаше долго време да го возврати ударот, па му одговори: „Извини што не паднав на колена кога ти пријдов да се запознаеме.“

poznati-faci-koi-ne-se-podnesuvaat-a-se-slikale-zaedno-7.jpg

Бијонсе и Ким Кардашијан

Иако старлетата е голем фан на Бијонсе, музичката дива не ги споделува истите чувства кон Ким Кардашијан. Со години, таа избегнува да биде видена во нејзина близина, или, пак, на било кој начин да ја поврзуваат со скандалозната дама. Ја одбила дури и да ѝ биде деверица на свадбата. А, се зборува дека ѝ има посветено и иронични стихови во една од нејзините песни.

poznati-faci-koi-ne-se-podnesuvaat-a-se-slikale-zaedno-8.jpg

Листата продолжува на следна страна...



Би можело да ве интересира:

Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Драми и навреди: Најголемите караници на Кардашијанс со други славни личности „Денес Ким Кардашијан објави гола фотка. Ако Ким сака да видиме дел од неа што д...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Добил син со ретко нарушување, правел развратни забави: Многуте тајни што Принц пробуваше да ги скри... Принц криеше дека добил син кој починал по само седум денови, наводно поради деф...
Клои Кардашијан со ретка изјава за нејзината маќеа: „Се венча со татко ми кога беше на смртна постел... Шест недели пред да почине од рак, Роберт Кардашијан се венчал со третата сопруг...

Најчитани неделава