Израел e победник на Евровизија 2018

izrael-e-pobednik-na-evrovizija-2018-01.png

Вечерва, 13-ти мај, се одржа финалето на 63-тото издание на Евровизија во Лисабон, Португалија.

Гламурозна сцена, четири прекрасни водителки, одлична публика, славење на различностите и многу талент ни подари годинава најголемото музичко натпреварување. Единствена сенка на совршената организација на Евровизија фрли скандалот за време на настапот на Велика Британија, кога маж мина покрај обезбедувањето и за миг ѝ го зема микрофонот на британската претставничка.

На сцената видовме впечатливи настапи, многу енергија и завидни вокални способности на голем дел од натпреварувачите, а победата со 529 поени ја понесе претставничката на Израел Нета со песната „Toy“.

На второто место се најде Кипар, а на третото Австрија.

Македонија годинава ја претставуваа Eye Cue со песната „Lost And Found“ на првата полуфинална вечер, но за жал не се пласираа во финалето. Последен пат Македонија влезе во финалето пред 6 години во Баку кога нѐ претставуваше Калиопи со песната „Црно и бело“.

Македонија вечерва 12 поени ѝ даде на Естонија.

Погледнете го победничкиот настап на Израел:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џастин Бибер мета на шеги за објавите по свадбата на Селена Гомез: „Ја изгуби, засекогаш“ Викендов Селена Гомез се омажи за Бени Бланко, а на Инстаграм, Џастин Бибер ја с...
Хали Бери (59) се вери со дечкото, по три разводи: „Ми се смачи да ме жалат дека сум кутра и немам с... „Не е точно дека кажав НЕ, секако дека ќе се омажам за него. Во минатото, по 3 р...
Луисана Лопилато наполни 39 години и испрати моќна порака: „Грешев, плачев, се пронаоѓав – и во најт... Неодамна прослави 15 години со саканиот, со кого има 4 деца, од кои едното на 3 ...
Никол Кидман и Кит Урбан се разделија по 20 години - Не живеат заедно со месеци, актерката сакала да... По две децении љубов, актерката и музичарот ставаат крај на својот брак - тие не...
Сакала да ѝ ја уништи кариерата, афера со Џеј Зи: Детали за „тајната војна“ меѓу Бијонсе и Ријана Кога Ријана почна да се прославува, Бијонсе ја гледала како закана, па се зборув...
Нова тужба за Кајли Џенер: Поранешна лична готвачка доживеала спонтан абортус поради малтретирањето Жена која ѝ била личен готвач на Кајли Џенер ја тужи ријалити ѕвездата, тврдејќи...

Најчитани неделава