Развод по 25 години, афера со мажена жена: Која е љубовницата на Џеф Безос?


Развод по 25 години, афера со мажена жена: Која е љубовницата на Џеф Безос?

Само неколку часа пред американските медиуми да ја обелоденат неговата љубовна афера, најбогатиот човек на светот објави дека се разведува. Која е неговата нова љубов?

razvod-po-25-godini-afera-so-mazena-zena-koja-e-ljubovnicata-na-jeff-bezos-01.jpg

Џеф Безос (54), кој стои на чело на Amazon и е најбогат човек во светот, објави дека се разведува од неговата сопруга Мекензи по 25 години брак.

razvod-po-25-godini-afera-so-mazena-zena-koja-e-ljubovnicata-na-jeff-bezos-03.jpgMeкензи Безос

Иако во објавата тие тврдат дека разделбата е пријателска и ќе останат и понатаму во добри односи, во медиумите осамнаа информации дека Безос имал афера со месеци со Лорен Санчез, пилот на хеликоптер и поранешна ТВ презентерка, која е во брак со познатиот холивудски ловец на таленти Патрик Вајтсел. Наводно и Санчез планира да се разведе наскоро.

razvod-po-25-godini-afera-so-mazena-zena-koja-e-ljubovnicata-na-jeff-bezos-02.jpgЛорен Санчез

Американските медиуми тврдат дека Безос ја носел 49-годишната атрактивна црнокоса на егзотични патувања со неговиот приватен авион и разменувале еротски фотографии и пораки. Папарацо фотографите го имаат ловено вљубениот пар на разни дестинации.

razvod-po-25-godini-afera-so-mazena-zena-koja-e-ljubovnicata-na-jeff-bezos-10.jpg

Инаку, Безос и Санчез заедно со нејзиниот сопруг беа фотографирани на забава во Лос Анџелес во 2016 година. Се знаат со години и двајцата имаат домови во Сиетл. Безос има 4 деца, а Санчез 2.

razvod-po-25-godini-afera-so-mazena-zena-koja-e-ljubovnicata-na-jeff-bezos-09.jpg

Само неколку часа пред веста со аферата да биде објавена во американските медиуми, Безос на Твитер објави дека се разведува.

Прочитајте и Ја побарал за жена по 3 месеци врска: Како изгледа бракот на Џеф Безос и Мекензи, најбогатиот пар на светот?

Како изгледа Лорен Санчез:

razvod-po-25-godini-afera-so-mazena-zena-koja-e-ljubovnicata-na-jeff-bezos-11.jpg

razvod-po-25-godini-afera-so-mazena-zena-koja-e-ljubovnicata-na-jeff-bezos-06.jpg

razvod-po-25-godini-afera-so-mazena-zena-koja-e-ljubovnicata-na-jeff-bezos-05.jpg

razvod-po-25-godini-afera-so-mazena-zena-koja-e-ljubovnicata-na-jeff-bezos-04.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

По 15 години молк, мajката на Кејт Мидлтон го даде првото интервју - к... Мајката на Кејт и Пипа Мидлтон го даде првото интервју и проговори за тоа колку ...
Бракови на познати личности на кои никој не се сеќава Многу познати личности зад себе имаат бракови од кои се срамат или за кои медиум...
Татко на 69 години: Ричард Гир доби син со 33 години помладата сопруга 69-годишниот Ричард Гир и 35-годишната Алехандра Силва го добија нивното прво за...