Има признание од Владимир Путин, врвни улоги: Милош Биковиќ - српскиот актер што ја „тресе“ Русија (фото)

Тој е најдобриот актер во Србија од новата генерација, талентот го покажа и во филмот „Јужни Ветар“, а во Русија добива врвни улоги и му е втор дом.

dobi-priznanie-od-vladimir-putin-milosh-bikovikj-srpskiot-akter-shto-ja-trese-rusija-foto-01.jpg

Дали го гледавте „Јужни ветар“? Во актуелниот српски филм за белградското подземје главната улога ја толкува Милош Биковиќ.

31-годишниот актер кој го знаеме и по улогите во хит филмовите Монтевидео, уште еднаш докажа е врвен актер кој дефинитивно има што да ѝ понуди на публиката.

Воопшто не е чудно што сè повеќе се пробива на рускиот пазар и добива врвни улоги таму. Тој вели дека САД не му е предизвик затоа што таму постојат предрасуди и најверојатно ќе добивате мали улоги кога потекнувате од Балканот, но затоа Русија има ширум отворени врати и тој веќе таму има статус на ѕвезда.

Биковиќ имаше средба и со претседателот на Русија Владимир Путин за време на неговиот престој во Србија, а тој во ноември 2018 го одликуваше со посебното признание Пушкин за неговите достигнувања во областа на културата и уметноста.

dobi-priznanie-od-vladimir-putin-milosh-bikovikj-srpskiot-akter-shto-ja-trese-rusija-foto-02.jpg

Биковиќ живее и гради кариера во Русија, постојано добива врвни улоги и вели дека се навикнал на животот таму, но дека Србија засекогаш ќе остане на прво место во неговото срце.

„Русија е земја која многу личи на Србија и се чувствувам како дома, но без оглед на сè постои носталгија. Ми недостасуваат пријателите и семејството. Работата со која се занимавам е таква, „чергарска“, бара постојано да си во движење“, изјави Биковиќ во една пригода.

Фотки од Милош Биковиќ:

Уште фотографии од Биковиќ на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Педро Паскал „уловен“ како се гушка со дечко, бивши на друг познат актер (фото) Осамнаа папарацо фотки како Педро Паскал разменува нежности во неделата со бивши...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Мел Гибсон (69) побара развод од 34 години помладата сопруга - Имаат син, се колнеше дека никогаш не... Неофицијално, актерот е тој што решил да „пресече“ и поднел документи за развод ...
Род Стјуарт ја оставил својата најстара ќерка во дом за сираци – во каков однос е со другите седум д... Род Стјуарт има осум деца од пет различни жени. Првото дете го добил на само 17-...
Комплицираниот љубовен живот на Џуд Ло: Седум деца од четири жени, афера со дадилка Со сегашната сопруга, Џуд Ло има две деца. Но, тој има и уште две деца од претхо...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...

Најчитани неделава