Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Познати личности кои биле уапсени и нивните полициски фотографии

Секој има нешто од минатото што сака да го скрие, а познатите не се исклучок. 

poznati-lichnosti-koi-bile-uapseni-i-nivnite-policiski-fotografii-01.jpg

Само затоа што сте богати и популарни, не значи дека законот замижува кога станува збор за познатите личности. Голем број од нив направиле некој прекршок и биле фатени, па сега си имаат досие и полициска фотографија.

А некогаш, пак, овие фотографии завршуваат во јавноста за да ги види целиот свет.

Погледнете ги познатите, за кои сигурно сте заборавиле дека биле уапсени, и нивните полициски фотографии.

Бруно Марс

Бруно беше уапсен во Лас Вегас, во 2010-а година, откако бил фатен со кокаин, во тоалетот на хотелот Hard Rock.

„Бев млад. Бев во Вегас. Не размислував“, изјави пејачот во врска со инцидентот во 2016-та.

poznati-lichnosti-koi-bile-uapseni-i-nivnite-policiski-fotografii-02.jpg

Рис Витерспун

Во 2013-та година, Рис и нејзиниот сопруг Џим Тот биле застанати од полиција, наводно бидејќи Џим возел во погрешна лента.

Проблемот бил што Рис излегла од автомобилот и почнала да се расправа со полицаецот, па била уапсена.

poznati-lichnosti-koi-bile-uapseni-i-nivnite-policiski-fotografii-03.jpg

Џастин Бибер

Апсењето на Џастин во 2014-та не беше големо изненадување. Тој период многу се зборуваше за недоличното однесување на пејачот.

Џастин беше уапсен за возење во алкохолизирана состојба и пружење отпор при апсење. Во 2017-та година, пејачот сподели фотки од апсењето со опис #neveragain (никогаш повеќе).

poznati-lichnosti-koi-bile-uapseni-i-nivnite-policiski-fotografii-04.jp.jpg

Клои Кардашијан

Клои беше уапсена во 2007-ма година, за возење во алкохолизирана состојба. Подоцна си заработи и 30 дена затвор, бидејќи ги прекршила правилата додека била пуштена со условна казна. На крајот сепак поминала само 3 часа во затвор, бидејќи немало место.

poznati-lichnosti-koi-bile-uapseni-i-nivnite-policiski-fotografii-05.jpg

Винона Рајдер

Во 2001-ва година, Винона беше уапсена за крадење на роба во вредност од над 5.000 долари. После судењето, таа доби условна казна.

poznati-lichnosti-koi-bile-uapseni-i-nivnite-policiski-fotografii-06.jpg

Ники Минаж

Ники била уапсена во 2003-та година, пред да стане позната, за поседување оружје. Овој период таа работела во синџирот ресторани Red Lobster.

poznati-lichnosti-koi-bile-uapseni-i-nivnite-policiski-fotografii-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Зависности, брак од 6 дена: Проклетството што ги следи актерите од „Сам дома“ Актерот што го глуми Баз, брат му на Кевин, беше обвинет за семејно насилство, н...
Линдзи Лохан – 10: Славни личности со најмногу апсења Винона Рајдер била уапсена петпати во една година, додека таткото на Чарли Шин б...
Обвинување за силување, бурни разводи – Кевин Костнер живее втор живот на 70 години, по скандалите По двата пропаднати бракови кои траеја повеќе од една деценија, како и конфликти...
Почина Вал Килмер (65), ѕвездата од Top Gun и Batman, кој го изгуби гласот поради рак на грлото Актерот Вал Килмер го победи ракот на грлото, но поради третманите го изгуби гла...
Двапати банкротирал, има трауми од повредата на половиот орган – Ал Пачино откри досега непознати де... Благодарение на мајка му успеал да ја избегне судбината на неговите најблиски др...
6 години ја криеја врската, се венчаа дури откако добија деца: Љубовната приказна на Двејн Џонсон и ... Бракот на Двејн Џонсон и сопругата Лорен важи за еден од најстабилните во Холиву...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg