Тимберлејк не сака да чека лифт, Том Круз „празни“ ресторани – Славни личности со претерани барања
- Детали
- четврток, 09 јануари 2020
Повеќето славни се горди на тоа што комуницираат со фановите, му помагаат на општеството и се нечии идоли.
Понекогаш ние забораваме дека и познатите имале нормален живот пред да станат славни, но изгледа дека и тие забораваат на тоа.
Нормално е кога ќе се навикнете на удобен и луксузен живот да барате малку повеќе, но некои познати едноставно претеруваат.
Во продолжение погледнете ги славните кои се „во облаци“, дури и кога се надвор од окото на јавноста:
Џастин Тимберлејк не сака да чека лифтови
На една забава после филмска премиера, Џастин требало да се качи во лифт. Но, морал да чека бидејќи внатре имало три жени. Сепак, наместо да чека, пејачот го натерал обезбедувањето да ги тргне жените за тој да се качи во лифтот.
Аријана Гранде не сака да оди
Знаевте ли дека Аријана сака некој да ја носи? Наводно, пејачката не сакала да оди, па често барала од другите да ја носат во раце.
На Џастин Бибер му се потребни 13 соби и масер
Џастин е познат по „разгаленото“ однесување, а еднаш побарал дури 13 хотелски соби само за него. Покрај тоа, за секое патување тој сака со него да има жена што ќе го масира.
Рис Витерспун сака сите да го знаат нејзиното име
Еднаш Рис била застаната од полиција бидејќи возела во алкохолизирана состојба. Полицаецот не ја препознал, а актерката никако не можела да се помири со тоа.
Канје Вест има цела листа барања
Сите имаат слушнато за чудните барања на Канје. Според негов поранешен телохранител, тој барал сите од неговите вработени да носат само црно. Истовремено, им забранувал да зборуваат кога поминува покрај нив.
И Лејди Гага има своја листа
Еднаш Лејди Гага побарала кукла за облека со розови интимни делови за во нејзината соба. Таа сакала и бели сатенски чаршафи, како и фотографии од нејзините омилени музичари.
Кети Пери сака да ѝ ја сечат храната
Кети Пери не сака никој да ѝ испраќа цвеќиња, после секој настап сака одреден вид овошје и зеленчук, исечкано и сервирано и има посебни барања за ентериерот на собата во којашто отседнува.
Мадона сака огромна придружба
На една од нејзините турнеи, Мадона побарала над 200 луѓе кои ќе се грижат за неа. Таа наредила и детално да ја проверат нејзината соблекувална пред да стапне во неа.
Том Круз ги „празни“ рестораните
Еднаш, Том Круз побарал ресторанот да ги избрка сите гости и да затвори бидејќи тој сакал да јаде таму.