Тимберлејк не сака да чека лифт, Том Круз „празни“ ресторани – Славни личности со претерани барања
Мараја Кери сака кучиња и мачиња
Кога е на турнеја, Мараја Кери сака околу неа да има мачиња и кучиња. Покрај тоа, пејачката не сака да се качува по скали и секогаш бара помош за тоа.
Амал Клуни се однесува како дете
Наводно, Амал го навредила амбасадорот на ОН од Ирак, и некое време продолжила со навредите. За неа е познато и дека прави огромни сметки кога оди на шопинг.
Бијонсе има посебни барања за нејзината гардеробата
Наводно, Бијонсе сака температурата во соблекувалната на настапи да биде точно 25 степени и внатре да има зачинето пилешко и свеќи со мирис на роза.
Адел и желбата за пица
Можеби Адел ни изгледа како „прибрана“ личност, но понекогаш и таа претерува. Еднаш додека била на турнеја, таа натерала еден од нејзините вработени да вози над 160 километри за да ѝ купи пица.
Иако во хотелот имало секаква храна, тоа не ја интересирало. Уште почудно е што на крај не ја ни изела пицата.
Џенифер Лопез има плејлиста за каде и да оди
Пред да отиде во некој хотел, Џенифер испраќа листа со песните што сака да ги слуша. Ако хотелот не ги пушта песните, таа не отседнува во него.
Соработката со Брус Вилис е тешка
Наводно, навистина било тешко да го натерате Брус Вилис да дојде на интервју и секогаш барал голема сума пари за тоа.
Бритни Спирс сака врамена фотографија од принцезата Дијана
Бритни секогаш сака да има хамбургер од McDonald’s и врамена фотографија од принцезата Дијана во нејзината соблекувална.
Гвинет Палтроу и теретаната
Кога Гвинет оди во теретана, таа ги тера вработените темелно да ги исчистат туш-кабините и тоалетната школка и сака тоалетна хартија само за неа.
Џулија Робертс си го заработила прекарот „Ѕвончица“
Можеби Џулија е одлична актерка, но нејзините колеги велат дека е неподнослива за соработка. Поради тоа, за време на снимањето на филмот „Hook“, актерката го добила прекарот Ѕвончица.
Кетрин Хејгл не престанува да зборува
Според неколку извори, Кетрин неколкупати се расправала со режисерите и ги обвинувала за лошо напишано сценарио.
Спирова С. | Црнобело