Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Плус-сајз моделот Ешли Греам доби син: „Се здебелив 22kg но воопшто не се грижам“

Ешли Греам и нејзиниот сопруг Џастин Ервин го добија нивното прво дете.

eshli-gream-se-porodi-i-go-dobi-svoeto-prvo-dete-01.jpg

32-годишниот модел се породи во сабота, а во понеделникот ја сподели новоста на Instagram.

„Во 6 часот попладне во сабота нашите животи се променија на подобро. Ви благодарам на сите за љубовта и поддршката во овој неверојатен период“, стои во нејзината објава.

eshli-gream-se-porodi-i-go-dobi-svoeto-prvo-dete-05.jpg

Ешли и Џастин споделија дека очекуваат дете на нивната 9-та годишнина во август.

„Пред 9 години се венчав со љубовта на мојот живот. Ова беше најубавото патување со мојата омилена личност. Денес се чувствуваме благословено, благодарно и возбудено да прославиме со нашето семејство кое се зголемува!“, напиша моделот.

eshli-gream-se-porodi-i-go-dobi-svoeto-prvo-dete-04.jpg

Ешли беше отворена за нејзината бременост и често споделуваше фотографии од промените на нејзиното тело. Сепак, изјави и дека ѝ било тешко да го прифати нејзиното тело во текот на бременоста.

eshli-gream-se-porodi-i-go-dobi-svoeto-prvo-dete-03.jpg

Но, со текот на времето ја прифатила промената, па пред еден месец изјави:

„Во бременоста се здебелив 22 килограми. А, најдоброто е што воопшто не ми грижа! Никогаш не сум се чувствувала подобро и сум благодарна што моето тело и син ми, ми дозволија да бидам подвижна и флексибилна.“

eshli-gream-se-porodi-i-go-dobi-svoeto-prvo-dete-02.jpg

Засега се непознати други детали за детето, вклучувајќи го и неговото име.

Прочитајте и Ешли Греам е кралица на труднички аутфити – најдобрите комбинации од бременоста (фото)

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се породи Хејли Бибер, Џастин го откри името: „Добредојде дома“ Џастин и Хејли Бибер станаа родители на момче – пејачот сподели слатка фотка од ...
10 славни мажи кои не се плашат да експериментираат со стилот и фризурата (фото) Бекам ги промени сите можни стилови на фризура, Џаред Лето имаше и розова „четка...
Меган Фокс се породи - Доби ќерка со Машин Ган Кели, среде љубовните драми и неговите контакти со др... Машин Ган Кели објави видео како со налакирани, излупени нокти ја гали новороден...
Ешли Греам првпат на модното шоу на Victoria’s Secret – ги покажа облините во црно боди од тантела (... Со црно боди од тантела и крилја украсени со златни цветови, Ешли Греам го имаше...
Детали од животот на мајката на Џастин Бибер – Дознала дека е бремена откако пробала да се самоубие,... Мајката на Џастин Бибер имала само 18 години кога го родила пејачот. Мајка ѝ ја ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg