Најдобрите моменти на Џенифер Анистон и Бред Пит на црвениот тепих
- Детали
- среда, 22 јануари 2020
Изгледа дека светот никогаш нема да ја преболи разделбата на Џенифер и Бред.
Обично SAG наградите се засенети од Golden Globes и Оскарите, но годинава ситуацијата беше поразлична.
Покрај добрите говори, заслужените награди и одличните модни комбинации, зад сцената се случи и „обединување“ на омилениот холивудски пар – Џенифер Анистон и Бред Пит.
Тие се запознаа во 1994-та, а нивните менаџери им договориле состанок во 1998-ма. На доделувањето на Emmy наградите во 1999-та, тие првпат се појавија во јавноста како пар.
Веднаш им го освоија срцето на сите фанови, особено после венчавката во 2000-та. За жал, Џенифер и Бред се разведоа во 2005-та година.
Во продолжение погледнете ги нивните најдобри моменти на црвениот тепих како пар: