Памела Андерсон се омажи во тајност по петти пат со дечкото од пред 30 години

После кратка тајна романса, Памела Андерсон се венчаше со филмскиот продуцент Џон Питерс.

povtorno-zaedno-posle-30-godini-pamela-anderson-i-jon-peteres-se-venchaa-vo-tajnost-01.jpg

52-годишната актерка и 74-годишниот продуцент го кажаа судбоносното „да“ на приватна церемонија во Малибу.

Интересно е што парот има долга историја. Имено, тие се гледаа пред повеќе од 30 години, откако се запознале во Плејбој вилата. Според изворите, романсата ја обновиле пред само неколку месеци.

„Имаше убави девојки насекаде. Можев да одбирам, но 35 години ја посакував само Памела“, изјави продуцентот познат по филмовите A Star is Born и Flashdance.

povtorno-zaedno-posle-30-godini-pamela-anderson-i-jon-peteres-se-venchaa-vo-tajnost-03.jp.jpg

„Памела сè уште го нема покажано нејзиниот целосен потенцијал како артист. Допрва треба да заблеска на вистинскиот начин. Има многу повеќе од она што се гледа на површината, инаку не би ја сакал толку многу“, вели вљубениот продуцент за новата сопруга.

И Памела има само пофални зборови за Џон:

„Џон е оригиналното ’лошо момче‘ од Холивуд. Никој не може да се спореди. Вистински го сакам како да ми е семејство.“

povtorno-zaedno-posle-30-godini-pamela-anderson-i-jon-peteres-se-venchaa-vo-tajnost-02.jpg

Памела додава и дека на почетокот се плашела од неговиот живот. Но, тој никогаш не ја издал, па сега и двајцата се чувствувале подготвено да започнат заеднички живот.

„Многу се вљубени и се венчаа во понеделникот. Тие припаѓаат заедно. Прекрасна холивудска романса“, изјави извор близок на Памела.

Џон и Памела првпат се запознале во 1980-тите.

„Влегов и видов мал ангел кој седи покрај барот. Имаше 19 години. Знаев дека ќе биде голема ѕвезда“, изјави Џон за Памела тој период.

povtorno-zaedno-posle-30-godini-pamela-anderson-i-jon-peteres-se-venchaa-vo-tajnost-04.jpg

„На крај, живеевме заедно. Се разбира, Хефнер ја согледа нејзината убавина. Памела беше девојка која и без шминка изгледаше прекрасно. Беше многу паметна и многу талентирана. Пробав да ја убедам да не работи за Плејбој и да се фокусира на сериозна кариера. Но таа сакаше да соработува со Плејбој и се појави на 13 насловни.“

Џон платил за часовите по глума и танцување на Памела и ѝ помогнал да ја започне својата телевизиска кариера.

povtorno-zaedno-posle-30-godini-pamela-anderson-i-jon-peteres-se-venchaa-vo-tajnost-05.jpg

На крајот на 1980-тите тој ја запросил, но таа го одбила. Интересно е што тогаш ѝ рекол дека за 30 години, нивната возрасна разлика нема да има големо значење. Изгледа бил во право.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џон Сина (46) сака живот без деца: „Уживам и енергијата ја трошам на тоа да бидам најдобар сопруг“ „Навистина уживам во мојот живот. Благословен сум да правам и да видам работи, к...
14 најубави парови кои издоминираа на Оскари 2024 и забавата по доделувањето (фото) Марго Роби во тоалета како песочен часовник, со природна фризура и шминка позира...
2 години била во врска со неговиот најдобар другар, се венчале во Лас Вегас – Љубовта на Џон Бон Џов... „Со Доротеа имаме меѓусебна почит. Пораснавме заедно. И навистина си с...
Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година „Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...
Почина во раце на братот Хоакин Феникс, растеше во секта: Факти за Ривер Феникс (23) миленикот на ти... „Има напади. Дојдете тука, те молам. Мора да дојдете овде, ве молам, бидејќи тој...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg