Познати парови кои останаа пријатели и после раскинувањето
Деми Мур и Брус Вилис
Без разлика дали поради нивните деца или 15-годишниот брак, Деми и Брус до денес се добри пријатели.
Рис Витерспун и Рајан Филипе
Бракот на Рис и Рајан траеше околу 5 години, а заедно имаат 2 деца.
Денес тие се согласуваат одлично и веројатно ја откриле тајната за пријателство после разделба.
Гвинет Палтроу и Крис Мартин
Гвинет и Крис беа во брак 10-тина години и имаат две деца.
Наводно, смирено одлучиле дека е време да се разделат, па веројатно ова им помогнало да останат пријатели. Всушност, двајцата неретко заедно одат на прошетка.
Камерон Диаз и Џастин Тимберлејк
Камерон и Џастин беа заедно 4 години, пред да ја најават нивната разделба.
После раскинувањето, и двајцата се согласија да се појават во ист филм – „Bad Teacher“.
Наводно, се чувствувале навистина пријатно за време на снимањето, а Камерон има изјавено дека се добри пријатели и денес.
Ема Стоун и Ендру Гарфилд
Парот се раздели во 2015-та, после 4 години заедно. Сепак, сè уште редовно се дружат.
Кога Ема доби Златен глобус во 2017-та, Ендру ѝ честиташе со стоечка овација.
Спирова С. | Црнобело