Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кајли Џенер критикувана за роденденската забава на Сторми од 100.000 долари (фото)

Кајли Џенер организираше досега невидена забава за вториот роденден на ќерка си Сторми Вебстер. Целиот настан, пак, беше наречен StormiWorld 2.

kajli-jenner-kritikuvana-za-rodendneskata-zabava-na-stormi-od-100000-dolari-01.jpg

Во саботата, 22-годишната Кајли им покажа на фановите како изгледаше роденденската забава на нејзината ќерка. Младата мајка уште во декември најави дека забавата ќе биде „луда“ и, очигледно, си го одржа зборот.

На забавата присуствуваа Крис Џенер, Тревис Скот, како и Кендал, Ким и Клое.

На влезот на забавата беше поставена огромна глава која наликува на Сторми.

82337832_177039600274912_5474767672346969645_n.jpg

Веднаш до влезот, пак, имало водич со мапа на која биле претставени сите атракции на забавата.

kajli-jenner-kritikuvana-za-rodendneskata-zabava-na-stormi-od-100000-dolari-03.jpg

Имало и неколку тематски соби, направени според анимирани цртани, како Frozen и Trolls. Најголемата соба ѝ беше посветена на Сторми, а во неа биле вклучени огромна лизгалка, базен во форма на латинската буква S полн со топчиња, но и танчари со маски кои наликуваат на Сторми.

kajli-jenner-kritikuvana-za-rodendneskata-zabava-na-stormi-od-100000-dolari-04.jpg

kajli-jenner-kritikuvana-za-rodendneskata-zabava-na-stormi-od-100000-dolari-05.jpg

kajli-jenner-kritikuvana-za-rodendneskata-zabava-na-stormi-od-100000-dolari-06.jp.jpg

На забавата имало и дел наречен Crazy Dumbos, каде што гостите можеле да уживаат во лулашки инспирирани од Dumbo.

Како сето ова да не е доволно, Кајли направила и продавница за „сувенири“ во која се продавале перничиња и маици со „Сторми“.

На забавата присуствуваа многу познати гости, вклучувајќи ги Криси Тајген, Џон Леџенд, Хејли Бибер и многу други.

kajli-jenner-kritikuvana-za-rodendneskata-zabava-na-stormi-od-100000-dolari-07.jpg

Наводно, целиот настан ја чинел Кајли вртоглави 100.000 долари.

Иако според фотографиите сите си поминале одлично, Кајли беше остро критикувана за забавата.

„Какво трошење пари. Се сомневам дека детето ќе се сеќава на забавата. Сè е за родителите.“

„Навистина се надевам дека ова девојче ќе порасне со малку смисла за реалноста“

„Ова ја носи нарцисоидноста на сосема ново ниво!“

„Постои одлична изрека – само затоа што можеш, не значи дека треба да направиш нешто. Вознемирувачко за сегашноста и иднината на детето.“

Сепак, постојат и оние кои ја одбранија Кајли и изјавија дека би сакале да присуствуваат на таква забава.

Што мислите вие? Има ли потреба од ваква забава за роденден што девојчето веројатно нема ни да го помни?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Со пари можат да си купат и талент - како живеат и заработуваат ќерките на Џеј Ло, Бијонсе, Ким Кард... Ќерката на Бијонсе има личен готвач и стилист, а името ѝ е заштитено со закон. К...
Меган Фокс се породи - Доби ќерка со Машин Ган Кели, среде љубовните драми и неговите контакти со др... Машин Ган Кели објави видео како со налакирани, излупени нокти ја гали новороден...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Дејвид Бекам сече мисирка, Северина со семејството: Како познатите го прославија католичкиот Божиќ? Кардашијанс се пофалија со скапите подароци, Џеј Ло прослави со децата и сестра ...
Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...
Нови детали за трагичната смрт на Наја Ривера, која се удави - Син ѝ сакал да ја спаси со јаже, и де... „Џоси, кој тогаш имаше 4 години, постојано повторува дека на бродот имало јаже, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg