Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Лејди Гага ја потврди врската со Мајкл Полански - Што знаеме за новото момче?

После раскинувањето на свршувачката со Кристијан Карино и кратката романса со Ден Хортон, Гага ја започна 2020-та со ново момче.

lejdi-gaga-ja-potvrdi-novata-vrska-koj-e-majkl-polanski-01.jpg

Гага првпат се појави во јавноста со Мајкл Полански на натпреварот Super Bowl, по што веднаш почнаа шпекулации за нивната врска.

Сосема неочекувано, пејачката објави Instagram фотографија со која ги потврди гласините за нејзината нова љубов.

Па, кој е Мајкл Полански?

Извршен директор на фондацијата Паркер

Мајкл, заедно со Шон Паркер, ја основал фондацијата Паркер. Шон, пак, е коосновач на големи бизниси, како Napster и Facebook.

Организацијата, која почна со работа во 2015-та, ги поддржува науката, глобалното здравје и уметноста.

Мајкл е и дел од Parker Institute for Cancer Immunotherapy во Сан Франциско, чија цел е спонзорирање на истражувања за лекување рак.

lejdi-gaga-ja-potvrdi-novata-vrska-koj-e-majkl-polanski-03.jpg

Завршил на Харвард

Мајкл студирал применета математика и информатика на Харвард. Според неговиот LinkedIn профил, дипломирал во 2006-та.

lejdi-gaga-ja-potvrdi-novata-vrska-koj-e-majkl-polanski-02.jpg

Првпат беше поврзан со Гага околу Нова година

Полански и пејачката наводно биле заедно неколку недели пред јавноста да „намириса“ нешто.

Всушност, биле фотографирани и како се бакнуваат на новогодишната вечер во Лас Вегас. Тој период, никој не го знаеше идентитетот на филантропот.

„Се гледаат уште пред празниците и таа е луда по него. Се дружеа во Лос Анџелес и минуваа многу време во нејзината куќа. Таа го носи каде и да оди и не сакаат да бидат разделени“, сподели еден извор.

lejdi-gaga-ja-potvrdi-novata-vrska-koj-e-majkl-polanski-04.jpg

Наводно, се запознале преку Шон Паркер

Според изворите, Гага и Мајкл најверојатно се запознале на еден од настаните што Паркер ги организирал во неговиот дом во Лос Анџелес. Еден извор тврди дека парот се запознал на роденденската забава на Паркер, во декември 2019-та.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр... Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...
„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...
Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...
Семејна драма кај Бекамови: Бруклин не зборува со Ромео бидејќи е во врска со негова бивша девојка Новата девојка на Ромео Бекам – Ким – е бивша на брат му Бруклин. Иако Бруклин е...
Џастин Бибер е мизерен со Хејли додека го очекуваат првото дете: „Очаен е, му ги троши парите и го к... „Хејли троши многу пари. Постојано патува со приватни авиони. Еднаш дури и отиде...
Контроверзна венчавка, арогантно однесување: Како Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли станаа најомразениот... Се венчаа на поранешна плантажа со робови, и двајцата имале бројни конфликти со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg