Рене Зелвегер и бившиот Бредли Купер имаа „Анистон и Пит“ момент на Оскари 2020 (фото)


Рене Зелвегер и бившиот Бредли Купер имаа „Анистон и Пит“ момент на Оскари 2020 (фото)

Иако сите беа во очекување на некоја ситуација помеѓу Анистон и Пит на Оскари, за жал Џенифер не се појави на настанот, но слична ситуација имаше помеѓу поранешните партнери Рене Зелвегер и Бредли Купер.

rene-zelveger-i-bivshiot-bredli-kuper-imaa-aniston-i-pit-moment-na-oskari-2020-foto-001.jpg

Фановите беа воодушевени од краткиот интимен момент кој Анистон и Пит го имаа на SAG 2020, кога се прегрнаа да си честитаат, а Бред ја задржа Џенифер за рака.

На Оскарите, Анистон не беше помеѓу гостите, иако сите очекуваа да се случи повторно нешто помеѓу нив двајца.

Но, таков момент овојпат имаа поранешните партнери Рене Зелвегер и Бредли Купер.

rene-zelveger-i-bivshiot-bredli-kuper-imaa-aniston-i-pit-moment-na-oskari-2020-foto-002.jpg

Рене беше помеѓу главните гости на Оскарите, со оглед на тоа што ја доби златната статуетка за најдобра главна актерка, за улогата во Judy, а на тој момент беше сведок и Бредли, кој е продуцент на Joker, па и неговото присуство беше важно.

rene-zelveger-i-bivshiot-bredli-kuper-imaa-aniston-i-pit-moment-na-oskari-2020-foto-02.jpg

Но, покрај тоа, на многумина нешто друго им влезе во очи - нивната средба во Dolby театарот, кога си честитаа за успехот.

Блиска средба помеѓу поранешни партнери, со краток разговор, погледи во очи и насмевка - сосема доволно за да станат главна тема на настанот. 

rene-zelveger-i-bivshiot-bredli-kuper-imaa-aniston-i-pit-moment-na-oskari-2020-foto-05.jpg

rene-zelveger-i-bivshiot-bredli-kuper-imaa-aniston-i-pit-moment-na-oskari-2020-foto-06.jpg

rene-zelveger-i-bivshiot-bredli-kuper-imaa-aniston-i-pit-moment-na-oskari-2020-foto-04.jpeg

Актерите започнаа врска во 2009-та и раскинаа 2 години потоа. 9 години подоцна – тие се главна тема во светските медиуми.

Дали има некоја искра или се работи само за шпекулации и случајност? 

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто Бредли Купер и Лејди Гага нема да бидат добар пар? Неверојатната хемија помеѓу нив не би имала долг животен век. Двајцата останаа с...
Познати дами кои имаат мали гради и се горди на нив И додека девојки од цел свет, за жал, се оперираат за да имаат бујно деколте как...
Мајката на Бредли Купер живеела со нив - каква битка водат Ирина и Бредли по разделбата? „Ирина никогаш не се чувствуваше како дома во Лос Анџелес, особено не во домот с...

Спонзорирани линкови: