Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Признавам страшно е“ – Кејт Мидлтон за појавувањето пред болница неколку часа по породување

Историски момент за светот, но страшен момент за жената која само што станала мајка. Веројатна вака се чувствувала Кејт Мидлтон, па дури и Дијана, кога првпат ги покажуваа децата пред светот.

malku-zastrashuvachko-kejt-midlton-go-opishuva-prvoto-pojavuvanje-so-decata-vo-javnost-02.jpg

На 22 јули 2013-та, Кејт Мидлтон излезе од лондонската болница St. Mary со широка насмевка и бебе во нејзините раце. Но, изгледа зад насмевката се криел и страв.

Војвотката од Кембриџ има три деца – Џорџ, кој се роди во 2013-та, Шарлот, која се роди во 2015-та, и најмалото, Луис, кое се роди во 2018-та.

После секое породување, таа и Вилијам им го претставуваа новиот член на кралското семејство на сите, и тоа пред скалите на болницата неколку часа по породувањето.

Сите, а веројатно и вие се имате запрашано како ѝ било на Кејт во тој момент. Војвотката реши да сподели како изгледало да се стои пред толпа луѓе со првото новороденче во рацете.

Во подкаст со Џоана Флечер, на Кејт ѝ беше поставено прашањето:

„Какво беше чувството да знаеш дека надвор има толку многу луѓе веднаш после твоето породување, а ти си со твоето ново семејство?“

На што војвотката одговори:

„Малку застрашувачко, нема да лажам. Сите ми даваа голема поддршка, а и јас и Вилијам бевме свесни дека ова е нешто за коешто се возбудени сите, и сме многу благодарни за поддршката од јавноста и за можноста да ја споделиме радоста со нив.

Но, ова беше во комбинација со новороденче и неискусни родители, и несигурност за она што ќе се случи. Па, имаше многу измешани емоции.“

malku-zastrashuvachko-kejt-midlton-go-opishuva-prvoto-pojavuvanje-so-decata-vo-javnost-03.jpg

Британското кралско семејство со години ја користи истата болница за кралските породувања.

Покрај трите деца на Кејт, овде беа родени и принцовите Хари и Вилијам.

malku-zastrashuvachko-kejt-midlton-go-opishuva-prvoto-pojavuvanje-so-decata-vo-javnost-04.jpg

Меган Маркл прва ја прекрши 40-годишната традицијата, кога се породи со Арчи во 2019-та.

Таа и Хари одбраа болница поблиску до нивниот дом, а првото појавување на Арчи беше во замокот Виндзор.

malku-zastrashuvachko-kejt-midlton-go-opishuva-prvoto-pojavuvanje-so-decata-vo-javnost-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кејт Мос (50) - пијана, Деми Мур (61) - без грам шминка: Фото докази дека и ѕвездите се само „обични... Кети Пери се шета во тренерки, бившиот на Џенифер Анистон си пие вино со новата ...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Меган Фокс се породи - Доби ќерка со Машин Ган Кели, среде љубовните драми и неговите контакти со др... Машин Ган Кели објави видео како со налакирани, излупени нокти ја гали новороден...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg