„Се чувствував многу омразено“ – Били Ајлиш во солзи ја прифати наградата на Brit Awards
- Детали
- среда, 19 февруари 2020
Освојувањето награди очигледно не е ништо ново за Били Ајлиш, а тоа го докажа и на синоќешното доделување на Brit Awards.
18-годишната пејачка може да се пофали со уште една статуетка, откако победи во категоријата најдобра интернационална пејачка на Brit Awards 2020.
На големо изненадување на сите, кога ја земаше наградата, Били дури се расплака.
Наводно, периодов пејачката се чувствувала многу омразено.
„Сакам да кажам нешто што го мислев пред 2 секунди… Се чувствував многу омразено овој период“, изјави пејачката.
Потоа, обидувајќи се да ги сопре солзите изјави:
„И кога бев на сцената и видов како ми се насмевнувате, навистина сакав да заплачам и сакам да заплачам сега, па, ви благодарам.“
Неодамна, Били изјави дека престанала да ги чита коментарите на нејзините Instagram објави. Наводно, тоа ѝ го уништувало животот и сфатила дека колку поинтересни работи прави некој, толку повеќе луѓе го мразат.
На доделувањето, Били за првпат ја изведе и нејзината песна за новиот „James Bond“ филм – „No Time to Die“.
На сцената ѝ се придружи нејзиниот брат Финеас, но и неверојатниот филмски композитор Ханс Зимер, кој работеше на студио верзијата на песната.
Пејачката изјави дека настапот, особено на крајот од песната, ѝ бил навистина застрашувачки.
„Нервозна сум за високиот тон на крајот од песната. Преплашена сум. Првпат ми е, па ве молам бидете добри со мене. Исплашена сум“, изјави пејачката.
Но, сите можеме да се согласиме дека изведбата беше неверојатна:
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





