Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кој го наследи целото богатство на Мајкл Џексон?

Помина една деценија од смртта на кралот на попот, но едно прашање сè уште ги мачи сите – Кој го наследи целото негово богатство?

koj-go-nasledi-celoto-bogatstvo-na-majkl-jackson-01.jp.JPG

Кои се овие луѓе, што прават денес и колкав дел од имотот и богатството завршиле кај добротворни организации?

Во продолжение, дознајте ги одговорите:

Поголемиот дел од имотот го наследи мајката на Џексон

Во октомври 2009-та, девет месеци по смртта на пејачот, се дозна дека неговата мајка Кетрин ќе наследи 40% од богатството на пејачот.

40% од парите добија неговите деца, а останатите 20% беа донирани во добротворни организации и цели.

Се дозна и дека управниците на Мајкл, Џон Бранка и Џон Меклејн ќе одлучат колкава количина ќе биде донирана, но и дека децата на Мајкл ќе го наследат имотот по смртта на Кетрин.

Истовремено, Кетрин до крајот на нејзиниот живот ќе добива по 86.804 долари месечно.

koj-go-nasledi-celoto-bogatstvo-na-majkl-jackson-02.JPG

Каде е Кетрин денес?

По смртта на сопругот Џо Џексон во 2018-та, здравјето на Кетрин почнало да се влошува. Наводно, само два месеци по смртта на Џо, Кетрин имала излив на мозокот.

Сепак, овие тврдења беа побиени во април истата година, од нејзината внука Женевив.

„Кој и да ја раскажал таа приказна, лажел. Таа немаше излив и нејзиното здравје дефинитивно не се влошува. Кетрин е во ред!“ – изјави тогаш Женевив.

Денес се знае многу малку за животот на Кетрин. Во август минатата година се појавија гласини дека Кетрин е „премногу слаба“ за да се грижи за најмалиот син на Мајкл, Бланкет. Наводно, оттогаш за него се грижел неговиот братучед Ти Џеј Џексон.

„Ти Џеј им беше како татко на овие деца уште од смртта на Мајкл и секогаш ги ставал нивните потребни пред неговите“, сподели еден извор.

Според изворот, Бланкет ѝ станал како негувател на Кетрин и тоа морало да се промени, па момчето почнало да живее со Ти Џеј.

Во 2017-та, Кетрин доби привремена забрана за приближување на нејзиниот внук Трент Ламар Џексон, откако ја злоупотребила неговата моќ.

koj-go-nasledi-celoto-bogatstvo-na-majkl-jackson-03.JPG

Децата на Мајкл добија 40% од наследството

Како што веќе напоменавме, и децата на Мајкл добиле дел од богатството.

Наводно, Принц (23), Парис (21) и Бланкет (18) добиле огромно наследство, а истовремено добиваат и 8 милиони долари годишно.

Се претпоставува дека секое од децата денес „тежи“ околу 100 милиони долари.

koj-go-nasledi-celoto-bogatstvo-na-majkl-jackson-04.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Деца на познати личности кои наследија милиони по смртта на родителите Децата на Мајкл Џексон добија по околу 100 милиони од огромното наследство што г...
Како изгледаат децата на славните кои речиси никогаш не се појавуваат во јавност? (фото) Сигурно знаете како изгледа Сури – ќерката на Том Круз и Кејти Холмс. Но, дали з...
Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр... Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...
Како изгледа денес актерот кој го глумеше Алан Харпер во „Два и пол мажи“? Ќелав, со брада, дотеран во елегантни одела - како изгледа денес актерот кој го ...
Платил над 30 милиони за да се разведе од сопругата за 65 секунди - Како Мистер Бин ги троши милиони... За него велат дека е човек кого разводот скапо го чинел. Разводот му траел само ...
Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс – Богати личности кои живеат во (релативно) скромни домови, и покрај м... Милијардерот Ворен Бафет е еден од најбогатите луѓе во светот и иако поседува мн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg