Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Хајди Клум и сопругот се бакнуваат преку стакло додека чекаат резултати од тестот кој едвај го нашле

46-годишната Хајди почувствувала симптоми на корона вирус, па решила да направи тест, кој едвај успеала да го најде, а додека ги чека резултатите седи во одвоена просторија од сопругот.

hajdi-klum-i-soprugot-se-baknuvaat-preku-staklo-dodeka-chekaat-rezultati-od-testot-koj-edvaj-go-nashle-01.jpg

Хајди Клум во вторникот се разболела пред да почне снимањето на America’s Got Talent, а на Инстаграм Стори ги извести фановите за нејзината состојба.

Таа почувствувала треска, температура, кашлица и растечен нос, но не можела да се тестира за COVID-19.

„Се надевам дека е само обична настинка, би сакала да направам тест за корона, но тука нема никаде тест. Се обидов кај двајца различни доктори и не можам да најдам“, изјави супер моделот, но откако и нејзиниот сопруг Том Каулиц, се вратил болен од турнеја, парот конечно успеал да направи тест.

hajdi-klum-i-soprugot-se-baknuvaat-preku-staklo-dodeka-chekaat-rezultati-od-testot-koj-edvaj-go-nashle-02.jpg

Додека ги чекаат резултатите од тестот, Хајди и Том се во самоизолација и се заштитуваат меѓусебно во различни простории, а на Инстаграм објавија видео во кое се бакнуваат преку стакло.

„Како многу од вас, и јас се разболев, како и мојот сопруг кој неодамна се врати од турнеја. За да се заштитиме, седиме одвоено додека не стигнат резултатите од тестот за корона.

Не сакаме да шириме бактерии и да ги загрозуваме другите, па дури и ние самите меѓусебно. Колку и да сакам да го прегрнам и бакнам, многу е поважно да ја направиме правилната работа и да не дозволуваме да се шири.

Ова се чудни времиња... но во овие моменти, се потсетувате на она што е навистина важно – луѓето кои ги сакате и нивна заштита.“

Хајди уште еднаш апелираше до сите да си останат дома и да се заштитат себеси и најблиските.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сопругот на Серена Вилијамс емотивен по операцијата за рак на тироида: „Мажи, одете на преглед, особ... „Мајка ми имаше рак на дојка кога беше на моја возраст, а потоа почина од рак на...
Хајди Клум (51) ужива на плажа топлес и со танга бикини – разменува страсни бакнежи со помладиот соп... Има родено 4 деца и на 51 година не се грижи за коментарите за голото тело – Хај...
Стилски двобој: Сопругот на Антониа Гиговска и фудбалерот на Челзи, Кол Палмер, имаат слична фризура... Не секој може да ја износи оваа фризура, но Роберт Спасенцовски и Кол Палмер се ...
Татко ѝ милионер ја оставил со „само“ 800.000 долари, живееше во камп-приколка: Факти за Тори Спелин... Таткото на Тори Спелинг имаше богатство од 600 милиони долари, но ја остави ќерк...
Гатачка предвидела дека ќе се удави, сопругот е главен осомничен – Мистериозната смрт на актерката Н... По животот исполнет со трауми, вклучувајќи и силување, Натали Вуд трагично загин...
Најубавите и највљубените парови на amfAR гала 2025 во Кан - се бакнуваат и разменуваат нежности Заводникот Ед Вествик (Чак Бас) нежно ја бакнува сопругата која неодамна се поро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg