Елена Ристеска: „Полнам 34 години и сѐ уште не ми треба ботокс“

„Конечно цела торта за мене“, се пошегува Елена Ристеска на својот карантински роденден и си посака и на 35 години да не ѝ треба ботокс, исто како сега.

elena-risteska-polnam-34-godini-i-s-ushte-ne-mi-treba-botoks-01.jpg

Елена Ристеска вчера (27.04) наполни 34 години. Оваа година роденденот го прослави дома во карантински услови, но на шега вели дека добро е што за првпат целата торта е само за неа.

Со објава на својот Инстаграм профил таа го одбележи својот роденден.

„Happy B-day to ME.

Полнам 34 и сѐ уште не ми треба ботокс. Се надевам дека истиов статус ќе го напишам и на 35. До тогаш да сме здрави и живи. Да ја надминеме „короната” - за некого заговор, за некого грда вистина и загуба на блиски. За сите нас ужасен старт на 2020-та година помината во страв.

Како дете често ми се паѓаше роденденот на Велигден, па славев роденден само со најблиските. Така што не е толку трагичен овој роденден за мене да го поминам во изолација.

elena-risteska-polnam-34-godini-i-s-ushte-ne-mi-treba-botoks-03.jpg

Сепак имам милион причини да сум среќна до небото затоа што ве имам вас кои ме поддржувате и почитувате - вие сте најлојални од сите луѓе во светот бидејќи ме знаете во сржта каква сум. Од сите богатства на светот секогаш би ве одбрала ВАС. Но, и богатството наречено „моите најблиски” кои ме сакаат дури и во ретките моменти кога не ми е денот ,еден голем пехар за нив.

Исто еден „пехар за толеранција”, поради мојата особина на перфекционист за сите мои соработници. Особено последниве две макотрпни години посветени на мојот бренд @era_cosmetics. Едвај чекам да ви го претставам она поради кое ја ставив привремено во втор план музиката.

Иако требаше да почне сѐ во април, парфемот одлучив да не го промовирам во овој период затоа што не е хумано да се почнува кампања за парфем додека луѓе се борат за живот и целата држава и светот се во вонредна ситуација. Ќе има ден за тоа наскоро...

elena-risteska-polnam-34-godini-i-s-ushte-ne-mi-treba-botoks-02.jpg

Низ годиниве многу уметници, музичари, поети и фанови напишаа по некој стих за мене или ме нацртаа, мал дел од нив ќе споделам во овој пост. Необјасниво е колку ми значи сѐ што сте посветиле на мене. Особено ме допре поетесата Ана Бунтеска која ја напиша песната на следната страница за мене. Јас со овие ваши дела станувам БЕСМРТНА. Фала му на Бога.

Ви благодарам за честитките на сите, оние кои не ми честитале не се лутам, сепак љубовта што ја добивам 364 дена ми е и повеќе од доволна.

П. С. Конечно цела торта за мене.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џастин Бибер мета на шеги за објавите по свадбата на Селена Гомез: „Ја изгуби, засекогаш“ Викендов Селена Гомез се омажи за Бени Бланко, а на Инстаграм, Џастин Бибер ја с...
„Тројката се распадна, преку глава ѝ е од драмата“ – Зошто Селена Гомез се оддалечи од Бруклин Бекам... „Преку глава ѝ е од драмата што ја прават тие двајца. Кругот на пријатели секој ...
Сите откриени детали за тајната свадба на Селена Гомез викендов - гостите нема да ја знаат точната л... На списокот има околу 300 гости меѓу кои Тејлор Свифт и Парис Хилтон, ќе се одрж...
Први фотки од Пи Диди во затвор – со побелена брада, се смее со други затвореници Јавноста не го видела Пи Диди од септември минатата година, но сега се појавија ...
Не користи шампон, јаде додека се бања: Одвратните навики на Бени Бланко (што Селена Гомез ги игнори... Бесрамно испушташе гасови пред камера на неговиот нов поткаст, самиот има открие...
Елена Ристеска, Ана Бебиќ - Ѕвезди од Македонија и светот кои годинава слават 40-ти роденден Нашата пејачката Елена Ристеска ќе го прослави 40-тиот роденден на 27-ми април, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg