Бившата се бакнуваше јавно со жена, тој ѝ врати – Силвио Берлускони (83) со новата 30-годишна девојка
- Детали
- петок, 14 август 2020
Откако бившата вереница, со која разделбата го чинеше 20 милиони евра, му заврши на насловни страни како се бакнува со жена, Берлускони (83) ја покажа својата нова, 53 години помлада девојка.
По 10-годишна врска, поранешниот премиер на Италија се раздели од 35-годишната Франческа Паскале, а оваа разделба го чинеше 20 милиони евра – еднократна уплата на нејзина сметка.
Откако се разделија, неговата поранешна вереница се најде на насловните страни на италијанските медиуми.
Папараците ја уловиле како се сонча топлес и се бакнува со новата љубовница, Паола Турки, која е 55-годишна поп ѕвезда.
Берлускони не остана рамнодушен на овој скандал, па неколку дена подоцна ја покажа новата девојка за која ја оставил Франческа.
Станува збор за Марта Фашина, 30-годишна русокоса политичарка, која наводно му праќала писма на 53 години постариот Берлускони и така го шармирала. На нејзиниот Инстаграм профил, таа редовно го поддржува Силвио.
Изворите велат дека Силвио знаел кога и каде ќе се појават папараците и намерно се држел со неа за рака за да ѝ врати на бившата.
Мислите ли дека се работи за љубов?
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





