Ева Нединковска ѝ го прослави 4-от роденден на ќеркичката во домашна атмосфера (фото)

„Роденденското изненадување ѝ го спремав со ќеиф, 2-3 дена, баш онолку колку што таа се спремаше да дојде на свет и ме спремаше мене за неопислива среќа“, напиша Ева на својот Фејсбук профил.

eva-nedinkovska-i-go-proslavi-4-ot-rodenden-na-kjerkichkata-vo-domashna-atmosfera-foto-01.jpg

Ева Нединковска, некогашна пејачка, а денешна сопственичка на Центарот за обука Ева, на 1-ви ноември го прослави 4-от роденден на својата ќеркичка.

Таа во домашна атмосфера со торта со Снежана, златни балони, мафини ѝ приреди изненадување на малата Ена во кругот на најблиските.

Ева на својот Фејсбук профил напиша:

„Ова е најважниот за мене ден, на Ена роденден! Има многу среќа во намерата некого да направиш среќен. Таа мене, јас неа. Роденденското изненадување ѝ го спремав со ќеиф, 2-3 дена, баш онолку колку што таа се спремаше да дојде на свет и ме спремаше мене за неопислива среќа.

1-ви ноември 2016, во 1 и 16 попладне, чудесно го поздрави светот. Претходно времето тмурно, а потоа изгреа светло сонце. Нејзиното сонце, моето сонце и сонцето на многу други. Затоа, темата овојпат ѝ е „љубов во жолто“.

Бидејќи сме умни и совесни, другарчињата ќе ги почестиме на отворено, во градинка и на хип-хоп, понеделнички. Но дома ќе имаме забава со Снежана, џуџињата, Џивџи, баба, вујче и многу музика и подароци, а роденден отвара мечето Теди и не е со празни раце.

По објавувањето на фотките од прославата Ева додаде:

„Некои матни, ама сите ни се златни. И сликнати со љубов. Анатомија на радоста. Не мора да ја студираш за да ја разбереш и владееш со срце.

Среќен 4-ти роденден, најмила Ена! Обдарена со здравје, нагиздена со насмевки и опкружена со убост да си! Слободна да огреваш и безгрижна да вирееш!“

Потсетување на музичката кариера на Ева:

https://www.youtube.com/watch?v=xYkbZC_5tZE

Фотки од роденденот:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се прослави покрај Џорџ Клуни, ја остави глумата за да биде со децата - Како Ноа Вајл се врати на го... Беше еден од милениците на Холивуд во 1990-тите, кога глумеше во серијата E.R по...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Ева Лонгорија (51) е згодна мајка, натоварена со играчки – ужива на плажа во Шпанија со синот и сопр... Како и сите „обични“ мајки, и Ева е натоварена со играчки и облека на синот, дод...
Педро Паскал „уловен“ како се гушка со дечко, бивши на друг познат актер (фото) Осамнаа папарацо фотки како Педро Паскал разменува нежности во неделата со бивши...
Ретро спомени од времето кога Ирина Шајк беше „обична“ девојка од Русија – пред да стане славна (фот... Почетоците на моделската кариера, ретро мода, позирање на стари тапети со завеси...
Само Адам Сендлер може да оди со тренерка на премиера – ги покажа сопруга и ќерките, едната копија н... Адам Сендлер уште еднаш покажа дека е автентична „стилска икона“ - само тој може...

Најчитани неделава