„Клеопатра е со македонско потекло“ – Гал Гадот ја брани одлуката да ја игра Клеопатра во интервју за BBC

Актерката Гал Гадот стана мета на критики поради нејзината одлука да ја игра египетската кралица Клеопатра бидејќи според фановите, таа улога ѝ припаѓа на актерка со темна кожа или арапско потекло. Но, Гадот изјави дека Клеопатра имала светла кожа, поради нејзиното македонско потекло, а дури и барале македонска актерка за улогата.

kleopatra-e-so-makedonsko-poteklo-gal-gadot-ja-brani-odlukata-da-ja-igra-kleopatra-vo-intervju-za-bbc01.jpg

Гал Гадот ја доби улогата на Клеопатра во филм на режисерот Пети Џенкинс, но веднаш беше критикувана бидејќи фановите имаат различни мислења - некои сметаат дека Клеопатра е лик што треба да го игра жена со африканско потекло, други велат дека треба само да биде со темна боја на кожата, а трети - со арапско потекло.

Од друга страна, некои фанови ја одбранија одлуката на актерката, споделувајќи дека Клеопатра сигурно имала светла кожа поради нејзиното потекло.

kleopatra-e-so-makedonsko-poteklo-akterkata-gal-gadot-ja-brani-odlukata-da-ja-igra-kleopatra-04.jpg

Сега, и 35-годишната актерка се огласи во врска со ситуацијата и го одбрани нејзиниот став:

„Најпрво, ако сакате да ги следите фактите, Клеопатра била Македонка. Баравме македонска актерка која може да ја глуми Клеопатра, но не најдовме“, изјави актерката во интервју за BBC.

kleopatra-e-so-makedonsko-poteklo-akterkata-gal-gadot-ja-brani-odlukata-da-ja-igra-kleopatra-02.jpg

„Имам пријатели од целиот свет, без разлика дали се муслимани, христијани, католици, атеисти или будисти, или евреи… луѓето се луѓе. Јас сакам да го славам наследството на Клеопатра и да ѝ дадам почит на оваа неверојатна историска икона што многу ја сакам“.

Изјавата за потеклото на Клеопатра е на 1:45 минута од видеото.

Според BBC, Клеопатра била родена во Александрија и била последен владетел од династијата основана од генералот на Александар Велики Македонски – Птоломеј. Неговите наследници владееле со Египет 300 години. Бидејќи идентитетот на мајката на Клеопатра е мистерија, се верува дека таа има мешано потекло.

Според египтологот Ели Ен Ештон, која направила реконструкција на лицето на Клеопатра:

„Веројатно не била само Европејка. Не треба да заборавиме дека нејзиното семејство живеело во Египет 300 години пред таа да дојде на власт“.

kleopatra-e-so-makedonsko-poteklo-akterkata-gal-gadot-ja-brani-odlukata-da-ja-igra-kleopatra-05.jpg

Од BBC споделуваат и изјава на Кетрин Бард, професор по археологија и класични студии на Универзитетот во Бостон:

„Клеопатра била со бела кожа – со македонско потекло, како сите владетели од Птоломејската династија кои живееле во Египет“.

kleopatra-e-so-makedonsko-poteklo-akterkata-gal-gadot-ja-brani-odlukata-da-ja-igra-kleopatra-06.jpg

Ликот на познатата египетска кралица го играле многу актерки со светла кожа, а можеби најпозната досега е улогата на Елизабет Тејлор во 1963-та.

kleopatra-e-so-makedonsko-poteklo-akterkata-gal-gadot-ja-brani-odlukata-da-ja-igra-kleopatra-03.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Била зависничка од дрога, денес има 73 години – Каде е и што прави Ивет од бразилската серија „Клон“... Во 1969-та била Мис Бразил, го изгубила старателството над синот заради зависнос...
„Бев една од жртвите на Р. Кели, раперот полош и од Диди – од 13 години ме држеше како робинка, тетк... Решона Ландфер е една од многуте жртви на Р. Кели и вели дека раперот почнал да ...
Ја нарекувале „најгрдото дете“, помина 2 недели во затвор: Факти за Софија Лорен (што не сте ги знае... Мајката на Софија Лорен била толку сиромашна, што извесен период живееле под мос...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg