Хрватскиот заводник Стјепан Хаусер си пронајде мистериозна „сирена“ на Малдиви (фото)


Хрватскиот заводник Стјепан Хаусер си пронајде мистериозна „сирена“ на Малдиви (фото)

Неодамна Стјепан Хаусер од 2CELLOS откри дека после врската со Јелена Розга е сингл 3 години, а моментално ужива на рајска дестинација и ги заинтригира фановите со мистериозна девојка преправена во сирена.

hrvatskiot-zavodnik-stjepan-hauser-si-pronajde-misteriozna-sirena-na-maldivi-foto-01.jpg

Хрватскиот виолончелист се прослави заедно со Лука Шулиќ во дуото 2CELLOS, но сега двајцата продолжија по одвоени патеки.

Стјепан Хаусер продолжи да воодушевува со талентот и стана препознатлив по изведување на познати музички хитови на рајски дестинации, најчесто бос.

Овојпат, на својот Инстаграм профил, музичарот откри дека ужива на Малдиви, а од своето виолончело се одвои само во потрагата по мистериозната сирена.

hrvatskiot-zavodnik-stjepan-hauser-si-pronajde-misteriozna-sirena-na-maldivi-foto-02.jpg

На Инстаграм Стори тој објави неколку видеа под вода, велејќи дека ја бара својата сирена, а откако ја „пронајде“, сподели романтични фотки со неа.

hrvatskiot-zavodnik-stjepan-hauser-si-pronajde-misteriozna-sirena-na-maldivi-foto-03.jpg

hrvatskiot-zavodnik-stjepan-hauser-si-pronajde-misteriozna-sirena-na-maldivi-foto-04.jpg

hrvatskiot-zavodnik-stjepan-hauser-si-pronajde-misteriozna-sirena-na-maldivi-foto-06.jpg

hrvatskiot-zavodnik-stjepan-hauser-si-pronajde-misteriozna-sirena-na-maldivi-foto-07.jpg

Тој честопати знае да се обвие со превезот на мистеријата и ја буди фантазијата на фановите со слични објави, а неодамна на прашањето дали има девојка, поставено од Инстаграм фан, тој откри дека по последната врска е сингл веќе 3 години.

Последно, тој беше верен со Јелена Розга, а врската им траеше околу 2 ипол години, според хрватските медиуми.

Видеа на кои звуците од неговото виолончело одекнуваат на рајските плажи на Малдиви:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 фото докази што сè работат асистентите на ѕвездите Од местење на чевлите на ѕвездите до држење на храната и организирање на патувањ...
Еволуцијата на задникот на Кајли Џенер (фото) Популарната Кајли Џенер не го носи презимето Кардашијан, но нејзиниот задник и т...
Фото докази дека Меган Маркл копира сцени од холивудските филмови за да прикаже живот-бајка Последната фотографија со која Меган ја најавува втората бременост е како сцена ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg