Том Круз не ја видел својата ќерка од дете – како изгледа Сури (15) денес?
- Детали
- недела, 18 април 2021
Пред 15 години во светот одекна веста дека Кејти Холмс и Том Круз ја добија ќерката Сури. Раѓањето на ова девојче го следеа низа контроверзи и шпекулации, а денес, иако таа се обидува да живее нормален живот, за жал, постојано е следена и фотографирана од папараци.
Ќерката на Том Круз, Сури, денес (18.04) полни 15 години, а таа и нејзината мајка Кејти во моментов живеат во Њујорк.
Ако се гледаат фотографиите, забележително е дека таа пораснала во симпатична тинејџерка и дека многу наликува на нејзината мајка.
Странските медиуми наведуваат дека нејзиниот татко Том Круз ја нема видено веќе 7, 8, 9 години, а медиумите сето ова го поврзуваат со неговата контроверзна религија - скиентологијата. Се смета дека токму скиентологијата е главна причина за оддалечување на актерот од ќерката.
Во јуни 2012-та година Кејти побара развод од познатиот актер, а како главна причина за разводот се наведуваше сѐ поголемата загриженост на Кејти за вклучувањето на Сури во скиентологијата.
Благодарение на предбрачниот договор Кејти и Круз се разведоа за само 11 денови, а Кејти доби примарно старателство над Сури.
Прочитајте и 11 мрачни работи за Том Круз кои Кејти Холмс ги крие од нивната ќерка
Во август 2012-тата Том бил забележан на одмор со Сури во Disney’s Typhoon Lagoon Water Park во Флорида и ова воедно е последниот пат кога Том и Сури се видени заедно.
Во следниот период медиумите пишуваа дека Том воопшто не ја гледа својата ќерка. Во 2013-тата Том Круз го тужеше Bauer Publishing поради пишувањата дека тој „ја напуштил ќерката“. Спорот беше решен со вонсудска спогодба, а деталите од спогодбата никогаш не излегоа во јавност.
Во јуни 2016-тата InTouch Weekly тврдеше дека Том ја нема видено Сури цели 1.000 дена (односно 3 години). Магазинот тврдеше дека Том не ја видел ќерка му од периодот кога таа имала 7 години, а причината била затоа што мајка ѝ Кејти бела означена како „супресивна личност“ – некој што го кажува своето мислење против скиентологијата и не смее да биде контактиран од припадниците на религијата.
Според пишувањата во светските медиуми, Том Круз може слободно да ја гледа ќерка му 10 денови во месецот, но одбива да го прави тоа поради неговите религиски верувања.
Како и да е, ако се суди според фотографиите мора да признаеме дека Сури пораснала во вистинска убавица, а веќе е на чекор до лудите тинејџерски години и повеќе не е девојче, туку убава млада дама.
Инаку Том Круз има уште две други деца од бракот со Никол Кидман со кои е во редовен контакт.
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





