Ким Кардашијан ги збуни фановите – среде развод јавно му изјави љубов на Канје за роденденот

Додека гласините за врската помеѓу Канје и Ирина Шајк не стивнуваат, Ким јавно му изјави љубов на поранешниот партнер, по повод неговиот роденден: „Ќе те сакам за цел живот“, напиша таа на Инстаграм откако ја видовме како плаче за разделбата. 

Kim-Kardashijan-do-Kanje-Vest-Kje-te-sakam-cel-zzivot-01.jpg

Канје Вест вчера (8-ми јуни 2021) го прослави 40-иот роденден, а по тој повод на социјалните мрежи се огласија и членовите на кланот Кардашијан-Џенер.

Честитката на Ким посебно ги збуни фановите, бидејќи таа јавно му изјавува љубов, иако нивниот љубовен однос во последните месеци се влоши, а се и среде постапка за развод. 

„Ќе те сакам цел живот“ – напиша Ким до стара фотка од нив заедно со децата.

Освен оваа фотографија, Ким на Инстаграм Стори објави и ретро фотка од Канје од 1987-мата година.

Kim-Kardashijan-do-Kanje-Vest-Kje-te-sakam-cel-zzivot-02.jpg

Освен Ким, роденденот на Канје со фотографии на Инстаграм го обележаа и Клои Кардашијан која го нарече „брат за цел живот“, но и Крис Џенер која само објави нивна заедничка фотографија.

Screen Shot 2021-06-08 at 11.07.00 AM.png

Kim-Kardashijan-do-Kanje-Vest-Kje-te-sakam-cel-zzivot-03.jpg

Инаку, пред само неколку дена имавме можност да ја видиме Ким како плаче и беше разоткриено дека таа навистина тешко се справува со разводот од Канје и покрај тоа што се обидува да прикаже поинаква слика на социјалните мрежи.

Во последната епизода од реалното шоу Keeping up with the Kardashians беа прикажани снимки на кои Ким плачеше по голема расправија со нејзиниот сопруг и каде отворено призна дека се чувствува како губитник затоа што ова ѝ е трет пропаднат брак.

Од друга страна, ријалити ѕвездата која сама поднесе документи за развод во февруари по речиси 7 години брак, сè уште во јавноста го користи презимето на нејзиниот сопруг на социјалните мрежи, но и кога дава автограми.

Kim-Kardashijan-do-Kanje-Vest-Kje-te-sakam-cel-zzivot-04.jpg

За Канје Вест пак веќе кружат гласини дека се гледа со манекенката Ирина Шајк. Што ќе се случи, останува да видиме. 

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Објави фотки како го дои новороденото синче и се молзи – Што прави денес бунтовната „Токио“ од „La C... Бунтовничката позната како Токио од La Casa de Papel, неодамна го роди првиот си...
На Ким ѝ се посреќи во љубовта – на вечера со Луис Хамилтон ги однесе и своите деца, а се дружеше и ... Изгледа дека романсата на Ким и Луис Хамилтон е сериозна, откако беа забележани ...
Драми и навреди: Најголемите караници на Кардашијанс со други славни личности „Денес Ким Кардашијан објави гола фотка. Ако Ким сака да видиме дел од неа што д...

Најчитани неделава