Сара Џесика Паркер (56), стилската икона од „Сексот и градот“, ја нормализира седата коса (фото)


Сара Џесика Паркер (56), стилската икона од „Сексот и градот“, ја нормализира седата коса (фото)

Стилската икона уживаше во опуштено издание додека беше излезена на ручек со пријателите. Ако се суди по нејзиниот изглед, таа има нова цел, а тоа е да ја нормализира седата коса.

Sara-Dzesika-Parker-stilskata-ikona-od-Seksot-i-gradot-ja-normalizira-sedata-kosa-01.jpg

Во минатото сите маки мачеа со седите влакна и сакаа да ги скријат, но голем број познати актерки во последно време покажуваат дека седата коса е нешто што треба да се нормализира.

Меѓу оние што одлучија да не ја покриваат седата коса е и стилската икона од „Сексот и градот“, Сара Џесика Паркер.

Sara-Dzesika-Parker-stilskata-ikona-od-Seksot-i-gradot-ja-normalizira-sedata-kosa-02.jpg

Во моментов таа работи на продолжението на филмот „Сексот и градот“, но во неделата реши да одмори и да се види со нејзиниот пријател Енди Коен во Њујорк.

Додека сите светски магазини пишуваат за тоа како таа сè уште и во новото издание на филмот успева на сите да ни одржи вистинска лекција по стил, фотографите ја забележаа актерката (56) во опуштено издание со сина маица без ракави.

Sara-Dzesika-Parker-stilskata-ikona-od-Seksot-i-gradot-ja-normalizira-sedata-kosa-03.jpg

Но, она што сите го забележуваат е нејзината седа коса. Иако во повеќе наврати се коментира за тоа дека таа не ги покрива седите влакна, овојпат, таа одлучи косата да ја собере во едноставно опавче со плетенка.

Инаку, во текот на минатата недела веќе се појавија фотографии од неа и нејзините колешки Синтија Никсон (Миранда) и Кристин Дејвис (Шарлот) од снимањето на новото продолжение на филмот, на кои можеше да се забележи дека годините не им се пречка за да ја диктираат модата и да ни одржат нова лекција за урбаниот стил на облекување.

Sara-Dzesika-Parker-stilskata-ikona-od-Seksot-i-gradot-ja-normalizira-sedata-kosa-04.jpg

Во новото продолжение ќе недостига четвртата „девојка“, Саманта. Актерката која го толкува нејзиниот лик, Ким Катрал, претходно изјави дека нема намера да се врати во франшизата и тоа поради голема кавга со Сара Џесика Паркер.

Sara-Dzesika-Parker-stilskata-ikona-od-Seksot-i-gradot-ja-normalizira-sedata-kosa-05.jpg

Што се однесува до новите содржини, веќе протекоа информации од оригиналното сценарио, па најверојатно во новото продолжение ќе бидеме сведоци на разводот меѓу Кери и Ѕверка.

Уште неколку фотографии во продолжение:

Sara-Dzesika-Parker-stilskata-ikona-od-Seksot-i-gradot-ja-normalizira-sedata-kosa-06.jpg

Sara-Dzesika-Parker-stilskata-ikona-od-Seksot-i-gradot-ja-normalizira-sedata-kosa-09.jpg

Sara-Dzesika-Parker-stilskata-ikona-od-Seksot-i-gradot-ja-normalizira-sedata-kosa-08.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нова вљубена фотка на Игор Џамбазов и Илина Арсова - Тамара, Тијана, Весна Бејби пресреќни за нив Илина и Игор ги спојува љубовта кон природата, парот објави нова фотографија нап...
Џесика Симпсон го покажа трудничкиот стомак во бикини неколку дена пред породување со третото дете (... Како што се наближува крајот на нејзината предизвикувачка и тешка бременост, Џес...
Џесика Симпсон во бикини на Бахамите, откако го врати вишокот килограми (фото) Русокосата за одморот на Бахамите се релаксираше во црвени бикини покрај својот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg